Реклама
Вирално

Тајната на Титовата пештера: Му го спаси животот на Јосип Броз, стана атракција на секоја екскурзија низ Југославија и уште привлекува туристи (ФОТО)

Реклама

Познатата Титова пештара во Дрвар, која привлекува многу туристи, наскоро повторно ќе биде отворена, а во Центарот за култура и спорт во општина Дрвар во рамките на кој е и Спомен-комплексот и Музеј „25Мај“, кој се грижи за пештерата на Тито, се очекува враќања на посетителите.

Титовата пештера во Дрвар е затворена минатата година за туристи поради одрони, среде обилните врнежи, кои ја уништија дрвената барака на влезот од пештерата, каде беше сместен и Врховниот штаб со Јосип Броз Тито во 1944 година во текот на десантот на Дрвар на 25 мај.

Тоа беше една од спектакуларните операции во Втората светска војна под името „Kоњички скок“ која ја изведоа Германците со дел да го заробат Тито.

Маркетинг

Центарот за култура и спорт на општина Дрвар им овозможи на некои новинарски екипи разгледување на историскиот комплекс.

Маркетинг

Влезовите во пештерата се обезбедени од евентуален одрон. Останато е да се обноват бараките и да се направи електрификација, а Музејот „25. Мај“ е отворен за посетители.

Било предвидено уште на 9. мај официјално да биде отворена пештерата за туристи, заедно со изложба и богата програма се до 25. мај, но поради коронакризата отворањето е стопирано.

Инаку гости во Титовата пештера се туристи од поранешна Југославија и кои се сеќаваат на богатото историско минато на оваа земја и нејзиниот водач Тито.

А приказната за десантот на Дрвар на 25. мај 1944 година оди вака: Германиците милеле дека знаат каде се наоѓа Тито, а ова корито на реката Унац било зараснато и токму тоа ги спасило. Кога падобранците слетале горе на гробиштата, не ја знаеле точната локација каде се наоѓа Тито туку на слепо полетале, а тој веќе успеал да им побегне. Не успеале, туку само ја зеле неговата униформа. Само тоа успеале да го направат, Тито побегнал, а се останто е некоја легенда“.

Настанот секако влијаел многу на историјата на тоа место, по што Дрвар станал град херој.

Сега пак, жителите на Дрвар се поделени по прашањето за тоа славно партизанско минато, некои се гордеат со тоа, а некои не, но постарите во Дрвар велат дека тоа било неговото „златно време“.

На влезот во пештерата стои предупредување дека се влегува на сопствена одговорност.

Кога се симнува во самата пештера, теренот е прилично непристапен и нема никакво осветлување.

 

После тоа, во продолжението на пештерата се наоѓа канал во должина од 16 метри, со висина од четири метри и широчина околу 2,5 метри, а на крајот од тој ходник може да се види железна врата поставена уште во 1938 година при истражување на пештерата поради водоснабдување.

Пред пештерата се наоѓа израмнето плато на кое се поставени две бараки со должина од 12 и ширина од пет метри.

Вкупната должина на пештерата е 85 метри, а во продолжение пештерскиот канал каскадно се спушта и завршува во сифонско езеро на дното.

Висинската разлика од железната врата до површината на сифонското езеро е 53 метри.

Титовата пештера се наоѓа на падината на ридот Градина на околу 23 метри над коритото на реката Унац, а од центарот на градот е оддалечена само километар.

Инаку, Титовата пештера годишно ја посетуваат и до 10.000 туристи, а до почетокот на деведестетите години од 20 век и до 200.000 луѓе, зошто таа дестинација некогаш беше задолжителна за ученичките излети и екскурзии, како и за туристичките тури низ поранешна Југославија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button