Татјана многу ретко зборува за својот поранешен сопруг БЛАГОЈА ГРУЈОВСКИ, а овој пат откри со кого живее под ист покрив
Татјана е посветена мајка и жена исполнета со љубов
Татјана Стефановска важи за една од најубавите и најпознатите презентерки на нашите мали екрани.
Таа ретко го експонира својот приватен живот за кој многу малку се знае. Ретко се појавува на настани со својот партнер со кој долги години живеа заедно и важи за некој што не сака да го експонира своето семејство.
Татјана со својот партнер Михаил Китановски живее заедно веќе седум години во неформален брак, а како што самата откри во интервју за „Женски магазин“, се запознале на одмор во Турција, пред осум години, и полека нивната пријателска дружба преминала во сериозна врска. Како што самата вели во ова свое интервју, со Михаил ја врзува искрениот однос и заедничките интереси, како и грижата еден за друг, поддршката и пред се љубовта.
„Секогаш велам дека е важно ако го најдеш вистинскиот човек, вистинскиот партнер. Не е важно дали е тоа брак или заедничко живеење, како што јас пет години сум во една таква релација на заедничко живеење и без потпис“ изјави Татјана пред неколку години во емисијата „Бекстејџ“.
„Живееме како брачни партнери заедно со Михаил. Клучот на заедничкото живеење е сето тоа меѓусебно почитување што треба да се воспостави. Тоа е сѐ она кое што дава успех, без разлика која е формата и релацијата на врската“, изјави Татјана тогаш како гостинка во естрадниот магазин.
Кариерата ја започна како манекенка
Шармантната водителка во 1992 година ќе ја освои титулата „Мис на Македонија“, а следната „Мис Планета“ во соседна Бугарија. Но сигурни сме дека многумина ќе се сложат дека за неа времето како да стои од тогаш, па и покрај тоа што поминаа толку години, нејзината убавина не бледее.
Таа подоцна ќе се ожени со пејачот Благоја Грујовски, но нивниот брак нема да трае многу долго.
Во 2007, односно неколку години откако ќе го роди синот Матеј (22), Татјана и Благоја ќе одлучат да се разделат, а разводот помина без медиумски спектакли. Тие до ден-денес ќе останат во пријателски односи, а разводот нема да остави никаква трага во нејзиниот живот.
Во продолжение погледнете и една фотографија од која можете да видите како таа изгледала на 17 години.
Таа и тогаш и сега маѓепсува со својата убавина, па многумина ја споредуваат со славната актерка Моника Белучи. Таа наскоро треба да го прослави својот 46 роденден, а во коментарите на социјалните мрежи фановите не ретко ја споредуваат со познатата италијанска дива.
Но нема сомнеж дека нашата позната водителка заслужено го носи овој прекар, нели?