Татјана Лазаревска повеќе не е русокоса – по новата фризура, фолкерката се пофали и со својот нов дом во Австралија
Погледнете како изгледа пејачката со новата фризура
Фолк пејачката Татјана Лазаревска одлучи да го промени изгледот и започна со промена на фризурата.
Татјана често ја менува должината и фризурата, а овој пат реши да зачекори во светот на црвенокосите дами. Таа со новата боја се пофали на социјалните мрежи, но и ги праша фановите која боја и стои поубаво – црвена или руса?
Погледнете како сега пејачката изгледа со црвена коса.
Инаку Татјана покрај новата фризура (која и стои одлично!) деновиве се пофали и со новата куќа што ја има во Мелбурн со сопругот Новица Василевски.
Татјана и Новица кои важат за еден од најскладните парови на нашата естрада веќе шест години живеат во Мелбурн, Австралија. Тие таму живеат заедно со двајцата синови, а како што објави порталот „Естрада плус“, парот од неодамна се всели во својата нова куќа.
Во новиот дом меѓу првите ги посети екипата на ИН ТВ, како и дел од членовите на Оркестар Маестрал од Битола, кои во моментов се на турнеја во Австралија.
Погледнете фотографија од нивната дружба, но и неколку фотографии од Инстаграм профилот на Татјана.