Татјана и Новица решија да заминат од Македонија и купија куќа во АВСТРАЛИЈА – еве како сега и двајцата уживаат за сите пари
Македонската двојка која со години е на музичката сцена покажа колку пораснал нивниот син.
Иако се отселија од Македонија, Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг, Новица Василевски се активни на социјалните мрежи, па често знаат да покажат по некој детаљ од нивниот секојдневен живот, па така и овојпат.
Новица и Татјана славеа именден на нивниот постар син, па по тој повод гордата мајка објави фотографија на која се гледа дека Петар е убаво и веќе големо момче, односно повисоко од Татјана речиси за цела глава.
– Среќно и вечно име на нашата прва радост“, напиша Татјана до сликата на која таа и Новица се со синот Петар.
Тие двајцата имаат изјавено дека од Македонија си заминале затоа што во Австралија заработката е поголема, а настапите секако им биле во дијаспората.
Сепак иако се во Австралија тие често имаат настапи, некакви настани или свадби на кои печат, а од истите често споделуваат видеа на социјалните мрежи.
Како што можеме да видиме од видеата што ги објавуваат нашите иселеници на социјалните мрежи, во оваа прекуокеанска земја можат да се организираат журки и прослави, децата слободно да се играат на игралиштата, можат да се прават и свадби, а семејствата веќе некое време слободно можат да уживаат во сонцето и плажите.
Тоа впрочем можеме да го видиме и од објавите што деновиве ги сподели и нашата позната фолк пејачка Татјана Лазаревска на социјалните мрежи.
Двајцата пееја на роденденска забава, а Татјана имаше и настап на „балканска забава“.
Татјана често објавува лајф видеа како настапува, а дел од нив се многу интересни, а меѓу нив беше и видео на кое таа и Новица пееја македонски песни, оро се виеше, невестата и сватовите беа многу весели. Но, она што падна во очи се згодните деверуши во сини фустани.
Лазаревска во неколку интервјуа изјави дека секоја можна прилика ја користи да се врати во татковината и дека можеби затоа не е премногу носталгична.
Сепак, призна дека од другата страна на светот премногу ѝ недостигаат нејзините најблиски.
Пред извесно време во нивниот дом имаше голема причина за славење. Имено, Татјана го прослави 50 роденден, па по тој повод организираше и мала прослава.
Роденденот и 18-годишнината од бракот беа причина Татјана и Новица да се опуштат и да слават.
Сепак, годишнината ја прославија скромно, дома во пижами.
Тие двајца се доказ дека партнер од истата професија може да биде предност, а не мана.