Татјана во едно вакво необично издание не сте ја виделе – водителката реши да ја промени професијата?!
Татјана стана капетан на брод?

Познатата водителка Татјана Стојановска откри како си ги полни батериите за претстојните професионални обврски.
Татјана како една од јавните личности чија убавина и шарм редовно ги красат нашите мали екрани, овој пат преку социјалните мрежи реши да открие каква е и во приватниот живот и сите ги изненади.
Имено, водителката објави фотографија на која се гледа како вози бротче, со капа каква што со гордост носат охридските капетани.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Таа го искористи убавото време да се повози со брод по Охридското Езеро, но и да открие дека максимално ужива во она што го прави.
Татјана за оваа пригода носеше црни панталони и црна кошула со бели точки, во комбинација со црни патики и очила за сонце.
На фотографијата што ја сподели водителката во ова издание седи зад кормилото и со бротчето управува како искусен капетан.
Инстаграм/ Татјана Стојановска
Потсетуваме, Татјана неодамна ги изненади сите и со прекрасните тоалети што ги носеше на изборот за Мис Универзум во Скопје.
Водителката која во 1992 година ја освои титулата Мис на Македонија овој пат го водеше настанот, а како изгледаше и зошто многумина беа воодушевени од нејзиното издание, погледнете од фотографиите што следуваат во продолжение…