Татко со Даунов синдром одгледа доктор: Љубовта нема граници- синот горд на својот татко со посебни потреби, “Тој ми е најголема поддршка”!
Садер му е благодарен на својот татко ...
Џејд Иса од Сирија е човекот кој успеа да докаже дека луѓето се во заблуда дека лицата со Даунов синдром не можат да имаат деца.
Џејд ја запознал својата сопруга откако почнал да работи во локална мелница за пченица.
Од нивната љубовна приказна се родил синот на кој му го дале името Садер кој успеа да стане стоматолог и како што вели со најголема поддршка од неговиот татко.
Таткото на Садер, Џејд и неговата мајка се запознале откако почнал да работи во локална мелница, двајцата се заљубиле и набргу по венчавката го добиле Садер.
Иако стравувале дека нивниот син би можел да биде роден со Даунов синдром, сепак Садер се родил здрав, а Џејд бил решен да му го даде на својот син најдобриот можен живот. Почнал да штеди пари за факултет и го опсипал синот со љубов;
Поминувале многу време заедно а Џејд се трудел да му обезбеди на синот се што му е потребно.
Садер во ниту една прилика не се срамел од својот татко со Даунов синдром, напротив е горд на него а истакна и дека тоа што неговиот татко е поразличен само го инспирираше да ги оствари своите соништа и да го направи своето семејство гордо.
„Лично, мислам дека би бил многу помалку возбуден за животот и многу помалку исполнет со она што го правам ако го немав мојот посебен татко“, вели тој.
Садер сега е стоматолог, а Џејд не можеше да биде погорд, велејќи им на луѓето „мојот син е доктор“ со најголема гордост.
– Не можев да посакам друг татко. Јас сум горд на него и тој е горд на мене. Цели 21 година се трудеше да направи се за да имам нормален живот како што имаат другите деца. За време на студирањето ми беше најголем поддржувач во секој поглед, психолошки, финансиски… – изјави ова гордо момче.