Вирално

Татко полуди бидејќи мораше да ги менува пелените на ќерката на подот во машки тоалет

Advertisement

Менувањето пелени на јавно место е составен дел од животот на секој родител што има мало дете. Многу тоалети во ресторани или трговски центри имаат специјални масички за менување на пелени со што животот ви е многу полесен, но еден татко реши јавно да прозборува за овој голем проблем.

Advertisement

Крис Мау од Њу Хампшир кој беше излезен со неговата осуммесечна ќеркичка Кали и за да је пресоблече влезе во ресторан наменет за семејства со мали деца. Но дури ни таквиот ресторан во машкото WC немаше специјална мaсичка за пресоблекување, односно истата беше сместена само во женскиот тоалет иако мајките НЕ се единствени што ги пресоблекуваат своите деца.

„Преку глава ми е да ја пресоблекувам ќерка му на одвратниот под бидејќи специјалните масички се наоѓаат само во женските тоалети“ напиша Крис на социјалните мрежи. „Тешко е да се замисли, но постојат и мажи кои се грижат за своите деца. Ако на јавно место со јавен тоалет, ако зборуваме за рамноправност и еднаквост на половите, како би било да обезбедите и ние татковците да можеме да ги пресоблекуваме нашите деца како мајките. Премногу ли барам?“.

Advertisement

Неговиот статус веднаш стана хит на Фејсбук и беше споделен преку сто илјади пати.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button