Татко објавува урнебесни фоторафии од својот прерано роден син и ги воодушевува сите
Малиот Рајан стана хит на интернет откако неговиот татко, Мет Мекмилан, почна да објавува фотографии на кои го први сето она што го прават и возрасните мажи.
Рајан е роден девет недели пред терминот и тежел само 1360 грама. Мет одлучи да покаже дека тоа не значи дека не може да се справи со предизвиците како вистинскиот човек. Ова резултираше со смешни фотографии од бебе кое се бричи, коси трева, па дури и крева тегови во теретана.
Таткото Мет до оваа генијална идеја дојде кога се родила нивната постара ќерка, Ела. Не сакале обични портрети, па родителите создале цела серија фотографии на кои бебето се занимава со најразлични спортски активности.
„Кога бев помлад, секогаш вртев со очите на фотографиите со бебиња што родители ги објавуваа на социјални мрежи. Си реков дека кога еден ден ќе имам свои деца, ќе направам нешто позабавно и интересно. Си играв со Фотошоп и сфатив дека можам да направат фотографии на кои бебињата прават некои работи што инаку не можат да ги прават “, вели Мет за светски познатиот портал „UNILAD“.
Кога малиот Рајан се родил, Мет и неговата сопруга Алиса се обиделе да бидат оптимисти.
„Тој помина шест недели во интензивна нега и се шегувавме дека не е како Палчица, туку напреден. Дојдовме до идеја дека ќе биде навистина забавно да го прикажеме како потполно возрасна личности која ги прави вообичаените работи “, додава Мат. Од тогаш, тие измислија голем број сценарија со кои ги засмеваат пријатели и светот.
Некои го критикуваа што на дете му ставил жилет во раката, но Мет објаснува дека тој не го загрозил неговиот син, туку дека сé е дело на генијалниот програм Фотошоп.
„Рајан денес има шест месеци. Не изненади од бројот на позитивни реакции на родителите на предвремено родени деца кои велат дека ја разбираат нашата борба и уживаат во портретите што ги објавуваме “, заклучува во своето интервју за UNILAD овој горд татко.