Реклама
Наши ѕвезди

Татко му не се отрезнил 3 дена кога се случило ова – Игор Џамбазов раскажа важен настан во неговото семејство

Честитки не престануваат да пристигнуваат до македонскиот актер.

Реклама

Игор раскажа важен настан во неговото семејство.

Маестрален актер, шоумен, писател и музичар – ова се само дел од талентите кои ги поседува Игор Џамбазов.

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

Може да се каже дека му било преодредено да биде уметник, бидејќи сите во неговото семејство се занимаваат со уметност.

Маркетинг

Игор е роден на 15 јули 1963 година во семејството на композиторот Александар Џамбазов и глумицата Анче Џамбазова, а како внук на истакнатиот глумец Петре Прличко.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

Со глума почнал да се занимава на шестгодишна возраст кога глумел во филмот „Македонскиот дел од пеколот“.

Во текот на детството, во тинејџерскиот период, па сè до запишувањето на Академијата за драмски уметности, тој е присутен во различни емисии и серии.

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

Значајна улога во овој период е улогата на Трајче во филмот кој се заснова на истоимената книга „Волшебното самарче“ од Ванчо Николески. Во филмот ја играл главната улога заедно со легендарниот глумец Ристо Шишков.

Денес е вработен во Македонскиот театар, а зад себе има завидна кариера и како актер и како водител.

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

Игор денеска полни 61 година, а по тој повод се огласи на социјалните мрежи.

„На денешен ден, пред точно 61 година мајка ми Анче ме испорачала на овој свет.

Светот не се потресол баш премногу околу тоа, ама татко ми Џамбаз не се отрезнил три дена.

Другото е историја…и по малку театар и музика“, напиша тој на Инстаграм.

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

ФОТО: Инстаграм / Игор Џамбазов

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button