Реклама
LIFESTYLEВирално

Татко монструм сексуално ја злоупотребувал својата 14-годишна ќерка

Реклама

Полицијата од Бања Лука уапси човек осомничен за сексуална злоупотреба на својата 14-годишна ќерка.

Станува збор за случај што минатата недела ја потресе цела Босна и Херцеговина откако деталите за монструозната злоупотреба протекоа  во јавноста. Според порталот Аваз, осомничениот работел во странство, а му бил издаден налог врз основа на кој тој бил уапсен откако се вратил во БиХ.

Маркетинг

Им кажала на своите пријатели

Целиот случај бил откриен откако девојката им кажала на своите другарки од училиште. Таа им кажала дека нејзиниот татко ја присилил на секс. Другарките ја убедуваа да го пријави и да побара помош од директорот, па за среќа девојчето се согласило и го пријавила својот татко.

Веднаш штом ги дознаа деталите за монструозниот случај, социјалните работници го информираа Центарот за социјална работа во Бања Лука, полицијата и обвинителството во овој град. Девојчето беше интервјуирано во согласност со сите законски прописи, а медицинските прегледи потврдија дека таа била сексуално злоупотребувана.

Маркетинг

Според сведочењето на девојчето, нејзиниот татко ја злоупотребувал во нивниот семеен дом кога биле сами.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button