Интервју

Татко ми Велија е мудар човек, неговите совети премногу ми значат – искрено со Лејла Рамковска

Неодамна во јавноста проструи информацијата дека Лејла е во враска со поопуларниот композитор и пејач Роберт Билбилов. 

Реклама
Реклама

Убавата Лејла Рамковска, јога-инструкторка која воодушевува со својот изглед, дефинитивно една од најубавите жени во Македонија, пристапи да ни орговори на неколку прашања поврзани со нејизниот приватен живот.

Секако, за почетокот тргнавме со најактуелните случувања, а поврзани со нејзиното име.

Неодамна во јавноста проструи информацијата дека Лејла е во враска со поопуларниот композитор и пејач Роберт Билбилов.

Маркетинг

Веднаш ја исконтактиравме да ни потврди дали имаме нови заљубени птички меѓу јавните личности.

Приватна архива

Драга Лелја, ќе ги потврдите ли гласините за тоа дека вие и Роберт сте во љубовна врска?

Да, информацијата е веќе потврдена.   Ве молам да не се крева преколема фама околку ова. Ви благодарам на разбирањето, ни одговори таа.

Маркетинг

Приватна архива

И овде застануваме, се додека не протече во јавност првата фотографија од нив  двајца, ние ќе останеме на зборот, ќе го почитуваме тоа што го побара од нас и ќе молчиме.

Во продолжение, погледнете го остатокот од разговорот со убавата Лејла.

Приватна архива

Низ медиумите ве има често, постојано зборувате и давате совети околку оваа физичка ативност. Ќе сакате ли да ни направите чест да ве запзонаеме малку повеќе во приватниот живот. Ми се чини малкумина занаат што сте по вокација?Каде имате завршено средно, факултет…

Средно завршив во „Јосип Броз“, а факултет по графички дизајн, креативната страна секогаш ми било онаа јаката…

Приватна архива

Слободата на движење на телото кое го стекнав преку јогата за мене е сама по себе е креација и уметност.

Дали можеби се занимавате парарлено со друга професија или јогата е ваш извор на финансии?

Јогата е она што го гледате, но паралелно работам како бренд амбасадор на едно од поуспешните фирми Натура Терапи… воедно и маркетинг. А летово ми поминува ултра продуктивно бидејќи спремаме нови производи кои ќе помогнат и придонесат во квалитетот на активниот живот.

Приватна архива

Неодмана направивте храбар потек и ја скративте косата, одлично ви прилега! Има ли конктретна причина, што е тоа што ве натера за оваа промена?

Од многу практични причини не беше баш нешто за мода 🤣 Сакав што помалку време да одвојувам на спремање… и навистина сите блиски знаат дека ми треба многу малку време за дотерување. Се повеќе сакам едноставни работи и природни…

Приватна архива

Медиумите не ретко и до денес вашето име го поврзуваат со вашиот татко, се чини дека вашата врска на татко и ќерка е навистина силна. Како ќе го опишете Велија, како тој ве воспитуваше низ годините од дете до денес, каков родител е?

Татко ми е мудар чивек и голем мотиватор, огромна поддршка за се во животот а посебно советите кои ми ги дава на професионален план премногу значат.

Ме воспитуваше да бидам скромна, материјалните работи да не ми се се во животот. Затоа сум среќна. Од него учам како да го цениш секој миг, и джво моменти кога можеби се чувствувам обесхрабрено/ уморно, ме потсетува на големата слика и нa тоа колку сум постигнала.

Некогаш паѓаме во замка на моментално лош период. Мора да ја имаме свеста која не извлекува од темница и да се присетиме дека после ноќ, доаѓа ден..

Приватна архива

За А1 телевизија нема кој не зборува и до ден денес, ќе слушнете дека и по толку години никој не ја надмина програмата на оваа тв куќа. Дали и вам ви недостасува и дали можеби сте размислувале за отворање нова телевизија?

А1 ќе остане секогаш во добро сеќавање кај секого. Таа телевизија беше на народот и го сакаше народот, затоа и беше најдобра и најгледана телевизија бидејќи секој ден се работеше на тоа, да се даде квалитетна програма. Тоа време помина за жал, сега има други канали каде може да имаш инфлуенс и придонес… како социјалните мрежи.

Приватна архива

Кое ви е омилено место за излегување? Омилена храна и пијалок?

Омилено ми е секое место каде сум со драги луѓе, но генерално секојдневмо се движам таму каде ми е блиску до работа.. околу Club8 до Броз кафе.

Уживам во храната и јадам многу бавно.. обожавам салати и суши. Од пијалок ладна вода на горештиниве..

Приватна архива

Како мајка на две малолетни деца сигурно вашиот живот е турбо. Опишете ни како изгледа еден ваш ден. Каков родител сте вие?

Како родител сум другар но со авторитет :)) Сакам отворен однос и да може да ми кажат се. Каан и Каја се веќе големи деца и доста одговорни и упатени за мојата работа така што се свесни дека мора да бидат вредни во животот. Не се жалам за динамиката на денот искрено бидејќи имам доста висока енергија..

Приватна архива

Далли можеби имате скриен талент за кој јавноста не знае?

Убаво цртам, како дете одев на натпревари. А делумно и убаво пеам :))

Приватна архива

Дали сте среќна? Што ве прави среќна?

Апсолутно. Имам исполнет ден, кога знам дека си ги исполнувам своите цели, знам кога да одморам, здравјето на сите што ги сакам.. Суштински важно ми е да сум опколена со луѓе кои ме мотивираат, дигаат и се занимаваат со важни нешта, а не празни муабети.

Приватна архива

Во една прилика ќе кажете дека многу ги сакате животните. Имате ли домашен миленик? Кое ви е омилено животно?

Многу ги сакам и мило ми е на душата кога ги гледам. Моментално имаме хрчак и куче во двор. Омилени ми се кучињата, добри пријатели се.

Приватна архива

 Ќе ви откраднеме уште малку време , би сакала да позборуваме и за вашиот стил на облекување. Како ќе го опишете? Кое ви е омилено парче, моден додаток… Имате ли мдона икона?

Сакам едноствани но оригинални кроеви, иако искрено најмалку време имам за занимавање со стилот. Ако ми се погоди нешто знам често да го носам. Модна икона немам…

Приватна архива

Кои се вашите ритуали за нега на кожата и косата, имате ли псоебни тајни за вашиот совршен изглед?

Ти благодарам но совршено нема, но постои способноста на истакнување на своите убави страни :))

Серумите ми се откритие оваа година бидејќи нормално кожата си старее и бара екстра нега. Косата ја негувам секојдневно со масла или маски и ретко која ја фенирам бидејќи имам природно меко но и тенко влакно.

Приватна архива

Што претпочитате книга или филм?Предложете ни некој наслов.

Летно време дефинитивно книга, последна што ја прочитав беше “Атомски Навики” добра книга и супер водич за патот кон успех.

Приватна архива

Приватна архива

Приватна архива

Приватна архива

Приватна архива

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button