Со популаризацијата на турските серии на нашите простори, пристигнаа и нови ѕвезди. Првиот актер кој почувствува слава на Балканот беше Халит Ергенч, кој го глумеше Онур во серијата „1001 ноќ“.
Сепак, најголемиот успех го доживеа со улогата на султанот Сулејман во серијата „Сулејман Величествениот“ која се емитуваше во 2014 година.
Актерот има четири деца со сопругата, познатата актерка Бергузар Корел која се прослави со улогата на Шехерезад.
Тие важат за едeн од најхармоничните парови.
Убавата Шерхерезад не пропушта прилика да се пофали со своето прекрасно семејство на својот Инстаграм профил, а тоа беше случај и на Денот на татковците.
Актерката сподели сет фотографии со сопругот и нивните деца, а трогателниот опис ги разнежни нејзините обожаватели кои беа воодушевени од семејната идила.
„Секогаш ги носеше нашите деца на твоите рамења, правиш да се чувствуваат драгоцено.
Секое од нив е толку среќно. Многу сум среќена, многу сме среќни.
Ти благодарам што си нивниот татко“, напиша Шехерезад а многу дами и подзавидуваат на хармоничниот брак и љубовта која ја добива секојдневно.