Татко за ПЕТКА: Дарко Лазиќ ужива со синот Алексеј, сака Марина да му роди пет деца!
Популарниот пејач Дарко Лазиќ на потежок начин сфати дека животот е драгоцен, а поддршката од најдрагите најважна. Откако во октормври 2018 година доживеа тешка сообраќајна несреќа, последиците се уште ги трпи.
Во периодот на опоравувањето поддршка доби од најблиските, родителите, но и неговата избраничка Марина Гагиќ. Во јуни 2019 година му стигна најголемата поддршка, му се роди синот Алексеј – нова животна радост и двигател. Пејачот во интервју за Стори открива дека наследникот во неговиот живот му донел нова животна радост.
– Алексеј ни донесе нова радост. Обожувам кога сме заедно. Меѓутоа, морам да признам дека не сум многу ажурен кога треба да се менува пелена, прособлекува или храни. За сите тие работи е задолжена Марина. Се договоривме таа да се грижи за него додека е мал, а јас улогата ќе се преземам нешто подоцна, кога ќе порасне (се смее), вели Дарко кој неодамна реши во својот живот да заврти нов лист.
Дарко Лазиќ поради прекумерната тежина мораше пред некое време на итна операција. Тој направи лапароскопско намалување на желудникот, после кое ги промени животните навики и драстично ослабе и го смени својот изглед. Во здравите навики му помага и синот Алексеј во чие друштво вози велосипед во родниот Брестач.
Избраничката на Дарко на Инстаграм објави заедничка фотографија на Лазиќ и неговиот син.
– Отидоа да лутаа низ улиците на Брестач, напиша Марина на оваа фотографија.
Дарко Лазиќ нема да запре на бројот три зошто сака големо семејство.
Пејачот по раѓањето на Алексеј посака и трето дете.
– Кај Дарко нема чекање, тој сака се дега и веднаш. Посака трето дете веднаш штом му се роди синот, но Марина му објасни дека е подобро малку да почекаат, вели извор за „Информер“ и додава:
– Тој обожува деца и на Алексеј му е целосно посветен. Многу страда по ќерката Лорена, која ја доби со Ана Севиќ, со која не може да биде секој ден. Желба му е да има полн двор деца.
Пејачот Дарко Лазиќ потврди дека работи на трето дете…
– Марина и јас нема да запреме на едно дете и едвај чекаме да добиеме бебе. Сакам Марина да ми роди уште пет деца! Што повеќе, тоа подобро! Никогаш доволно од деца, порачува Лазиќ.