Таткото на Теа Таировиќ е академски сликар и доктор на науки, ќе се ЗАПРЕПАСТИТЕ колку пејачката личи на него (фото)
Теа Таировиќ деновиве е поприлично актуелна во медиумите, посебно по она што и се случи во Германија.
Пејачката беше уапсена од страна на германската полиција на аеродромот, а вистинската причина за апсењето наводно е тоа што го пречекорила бројот на работни часови во земјата, иако медиумите претходно пишуваа дека ја уапсиле бидејќи кај неа била пронајдена голема сума на пари.
Имено, Таировиќ претходниот викенд престојуваше во ова земја каде во петокот и саботата имаш два настапи пред дијаспората, но вистинска драма доживеа на аеродромот кога требаше да се врати дома.
На контролата за пасош полицијата ја приведе, што ја збуни пејачката бидејќи во првиот момент не знаеше зошто ја носат во притвор. Но како што подоцна беше објаснето, а објави српскиот Телеграф, пејачката го прекршила законот што регулира колку време, но и број на работни часови може да има лице од Србија во земјите од Европската унија.
Инаку, Теа во последно време е пребукирана, а на нејзините настапи атмосферата секогаш е вистинско лудило.
Таа ретко има место за одмор и забава, а неодамна на Инстаграм откри и како изгледа нејзиниот татко.
Имено, пејачката која на својот профил често објавува пpoвокативни фотографии овој пат ги изненади сите со фотката.
Таа покажа како се забавува со својот татко Зоран Таировиќ и заедно уживаат во музиката од тамбурашите.
Теа позираше насмеана и во прегратките на својот татко, а потоа го снимаше и како тој се веселеше и им лепеше пари.
Татко и ќерка, напиша под фотографијата, а коментарите само се редеа и сите беа согласни дека е иста како него.
Инаку, нејзиниот татко е академски сликар и доктор на науки, а се шушкаше дека бил во врска со актерката Весна Чипчиќ.
Теа во една пригода отворено зборуваше за својот татко со кого не живее откако нејзините родители се разделиле.
„Доста се зборува за децата на разведени родители како оштетени. Таткото и те како може и треба да биде присутен во животот на детето. Тие не се согласуваа и се разведоа, но по разводот започнаа многу подобро да функционираат. Пред се како пријатели и како мои родител. Со татко ми сум во одлични односи. Тој на мене машката фигура во животот успешно ми ја претставуваше и ми ја надомести загубата, имајќи во предвид дека не живеевме заедно, изјави пејачката во една пригода, пишува порталот „Мондо.рс“.
Инаку, Таировиќ е поприлично активна на социјалните мрежи, а некои од нејзините најдобри изданија погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ
Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ
Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ
Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ
Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ
Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ
Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ
Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ
Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ
Фото: Инстаграм/ Теа Таировиќ