Таткото на славната актерка ја загуби битката со коронавирусот: Таа објави потресна слика од болничката соба и порака до сите
Актерката Софија Мајлс откри во јавноста дека нејзиниот 67-годишен татко го загубил животот откако се заразил со КОВИД-19.
Славната Британка, најпозната по улогата во филмот „Трансформерс“ во саботата на својот Твитер ги сподели тажните вести, и тоа само неколку часа откако објави фотографија со татко ѝ, од болничката соба.
„Почивај во мир Питер Мајлс. Мојот сакан татко почина пред неколку часа. Коронавирусот е она што му го одзеде животот“, напиша таа.
Yesterday I went on a journey to see my father. This is the harsh reality of the Coronavirus pic.twitter.com/T609EBfAfJ
— Sophia Myles (@SophiaMyles) March 21, 2020
Маркетинг
На последната објавена фотографија на Софи се гледа како нејзиниот татко дише со помош на респиратор, а таа е покрај него во заштитна облека, со ракавици и маска на лицето. Со потресната фотографија порача дека тоа е суровата реалност на коронавирусот.
Во август 2018 година, оваа 40-годишна актерка обелодени дека нејзиниот татко има Паркинсонова болест, а неодамна истаокна дека има и уште „низа други здравствени тегоби“.
Откако е хоспитализиран кога дознал дека е заразен, Софи сними кратко видео во кое ѝ соопшти на публиката дека се е многу посериозно отколку што мислат многумина.
„Само едно предупредување на сите, мојот татко е затворен во болница со уште многу луѓе кои имаат коронавирус и сите тие умираат. Повеќето од нив се стари…Ве молам, ве молам луѓе, сфатете го ова сериозно“, рече таа тогаш.
Во Велика Британија моментално има околу 5.018 луѓе кои се позитивно тестирани на коронавирусот, а бројот на жртвите од КОВИД-19 моментално е 233.