Реклама
Наши ѕвезди

Таткото на познатата пејачка со потекло од Македонија се срами од неа – престани да ја објавуваш твојата глупава порнографија

Реклама

Познатата пејачка таткото ја моли да „престане да ја објавува својата глупава порнографија” бидејќи веќе не може да го издржи овој срам.

Пејачката Беба Реџа на својот Стори на Инстаграм ја објави пораката што и ја испрати нејзиниот татко Фламур Реџа, во која тој и вели дека е згрозен од она што го прави, и дека поради тоа е многу вознемирен.

Маркетинг

29-годишната пејачка која е Албанка со потекло од Македонија е позната по своето провокативно изразување преку музика, а такво е и видеото за нејзиниот најнов сингл, „Last Hurrah“, со кој посебно крена прашина.

https://www.instagram.com/p/BrQAfwkHCTA/?utm_source=ig_embed

Маркетинг

Спотот излезе минатата недела, но веќе има повеќе од 10,5 милиони прегледи, а многумина на Јутјуб го критикуваа и окарактеризираа како ѓаволски.

По објавувањето на пораката на нејзиниот татко, Реџа наскоро мораше да го брани, со оглед на тоа што многу нејзини обожаватели го нападнаа. „Мојот татко не е лош. Никогаш не требаше да го објавам принстскринот. Јас сум разочарана од самата себе. Бев саркастична. Јас разбирам дека тоа доаѓа од позицијата на татко и поради тоа пораката е малку груба. Јас сум вознемирена бидејќи тој се уште не разговара со мене, но се уште е мојот татко” пишува таа на Твитер.

https://www.instagram.com/p/BqTJY56HObN/?utm_source=ig_embed

Откако нејзините следбеници продолжија да го напаѓаат нејзиниот татко, таа повторно се огласи. „Не зборувајте лоши работи за татко ми, ве молам, тој е прекрасен татко”, напиша таа, а потоа истото го избриша.

Реџа неодамна ги налути своите фанови на Инстаграм и со провокативните фотографии на кои го покажува задникот во мрежести хулахопки.

https://www.instagram.com/p/Bt1gNfNnhkP/

 

Инаку, Блета Бебе Реџа е родена на 30 август 1989 година во Бруклин, САД, од родители Албанци, со потекло од Дебар, Македонија. Таа има и американско и македонско државјанство. Започна да пројавува интерес кон музиката уште од 4-годишна возраст, а љубовта кон музиката ја продолжи и во средно училиште на Стејтен Ајланд.

 

Најмногу е позната од видео записот „Take Me Home” на Cash Cash и „Hey Mama” на Давид Гета. Текстописец е и на познатата песна „The Monster” на Еминем и Ријана.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button