Реклама
Вести

Таткото на Данка за убиството на ќерката: „Смртна казна за нив е малку…“

Реклама

Смртната казна за нив не е доволна, треба да бидат затворени до крајот на животот“, вели Милош Илиќ за осомничените за убиството на Данка (2).

„Смртната казна за нив не е доволна, треба да бидат затворени до крајот на животот. Тие се чудовишта, тоа што го доживуваме цело време е неописливо. Само родителот може да го разбере тоа“, изјави за „Телеграф“ Милош Илиќ, таткoто на убиената Данка.

Тој заедно со сопругата Ивана дошол во Вишото јавно обвинителство во Зајечар да даде исказ. Несреќниот татко и мајка беа во солзи.

Маркетинг

-Полицијата ни дојде неколку пати, ѝ ги одзеде работите на Данка, ништо не знаеме, ни за крвта на патот, ни во автомобилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова. Тоа што јас и Ивана постојано го трпиме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, не навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе… Кога се ќе заврши, ќе излеземе на медиумите и ќе кажеме се – изјави за „Телеграф.рс“ Милош Илиќ, таткото на убиеното девојче Данка. “.

Маркетинг

Данка Илиќ беше убиена на 26 март годинава во Бањско Поље.

Потрагата по телото на убиената Данка Илиќ (2)е во дванаесеттиот ден, полицијата продолжува со пребарувањето на Банско поле и околината на селото, но за жал се уште нема напредок. Нејасно е каде осомничените за убиството Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ го сокриле телото на девојчето по извршувањето на монструозното злосторство и како не се сеќаваат на тој чин.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button