Реклама
Вирално

Таткото на Вања со овој потег ја шокираше јавноста, а со најновото видео се открива што сакал да направи

Српски политичар објави нови снимки поврзани со киднапирањето и убиството на Вања.

Реклама

Контроверзниот политичар Срѓан Ного го објави видеото во кое што открива своја теорија во врска со монструозниот случај околу убиството на Вања Ѓорчевска што го потресе регионот.

Тој пред неколку дена го најави видеото кога објави неколку фотографии на кои се гледа возилото со кое беше извршен грабнувањето на малолетната девојка, а наводно снимено на денот на убиството на 74-годишниот велешанец Панче Жежовски.

жВо видеото се гледа дека возилото марка „ситроен“ го вози Панче, што значи дека истото е направено пред тој да биде убиен и пред да биде извршено злосторството.

Маркетинг

Според Ного, во возилото на совозачкото седиште е и еден од киднаперите на 14-годишната Вања, а видеото е направено непосредно пред убиството на велешанецот .

Маркетинг
Фото: Фејсбук, МВР

Од видео што овој политичар го објави на Јутјуб, таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, а не полицијата, го решил целиот случај.

Како што вели Ного, таткото ги прегледал снимките од камерите по патеката по која се движела неговата ќерка, Вања Ѓорчевска. Вања во нејзиниот телефон имала апликација за следење, така што нејзиниот татко споредувајќи го времето од апликацијата со локацијата што ја покажувал софтверот и анализирајќи ги камерите поставени на овие места, самиот дошол до заклучок дека во истото тоа време и на истото место се забележува истиот автомобил.

Како што вели понатаму Ного во видеото, овие податоци таткото веднаш ги дал во полицијата и на тој начин случајот бил решен.

Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ, за „Скопје1“ потврди дека во објавените аудио материјали навистина се слуша гласот на таткото на Вања и дека разговорот е автентичен.

Но тој не сакаше да зборува за други детали поврзани со конкретниот објавен видео запис, поточно за времето и местото на случувањата, посочувајќи дека ќе се воздржи од коментари и дека во вторник ќе побара прием во Јавното обвинителство.

Од друга страна, во видеото политичарот дава и објаснување зошто таткото на Вања крена два прста додека го носеа во судот.

Потсетуваме, сликата на која се гледа како таткото додека го спроведуваат во судницата ги крева палците кон камерата, како да сака да каже нешто, ја пренесоа сите медиуми, но она што никој не го забележа, како што тврди овој политичар, е дека во видеото се слуша како сестрата на Александар, во истиот тој момент му се обраќа на својот брат, и тој прстите ги крева кон неа, наводно сакајќи да и каже дека сé е во ред и да не се грижи за него.

Како што тврди Ного, таткото во тој момент наводно ни не знае дека неговата ќерка е убиена и истото ќе му биде соопштено дури подоцна.

Инаку, тоа дека таткото со подигнатите палци навистина им се обратил на своите роднини можеше да се прочита и во еден коментар под постот на бизнисменката Кираца Трајковска, една од поранешните сопственички на голем удел во „Фершпед“, која го познавала таткото.

Таа тогаш сподели еден текст од „Либертас“ во кој се напаѓа таткото на Вања (види тука), тврдејќи дека доколку се докаже неговата невиност, во што таа е повеќе од сигурна, дали оние што го обвинуваат всушност некогаш се запрашале низ што минува тој како татко, посебно што има уште една ќерка, но и низ што минува неговото семејство.

Во коментарите под нејзината објава на Фејсбук пред три недели некој напиша како толку грижлив родител дава лајкови на камерманите по смртта на сопственото дете, по што следува одговор на неколку корисници на Фејсбук дека тој всушност и давал знак на својата сестра.

Ова за жал досега никој не го објави, а овие коментари под објавата на Кираца се уште стојат на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Во видеото на Ного се тврди истото, односно и во самото видео се слуша како неговата сестра му се обраќа загрижено, по што тој ѝ дава знак. Од тука се поставува прашањето дали таткото во тој момент знае дека Вања е почината и доколку навистина не знае, тогаш целата слика која во јавноста беше презентирана за да се истакне ладнокрвноста на еден татко, добива потполно поинакво значење.

Од тука секој треба да се запраша, што ако овој човек навистина е невин и ако не е поврзан со грабнувањето на неговата ќерка?!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button