Вести

Таткото кој го уби шурата, затоа што ја силувал ќерка му, е пуштен да се брани од слобода

Advertisement

Понатамошната судбина на осомничениот ќе се решава до крајот на неделава, а дотогаш тој е во домашен притвор

Мажот (50) кој е осомничен дека го убил својот шура во Грција, откако дознал дека ја силувал неговата ќерка, е пуштен да се брани од слобода.

Advertisement

Неименуван маж е обвинет дека во средата на 10 јануари смртно го ранил својот шура и неколку часа откако неговата ќерка го известила дека нејзиниот „вујко“, односно братот на нејзината маќеа, ја силувал од нејзината 9-та година. .

Рекла и дека во последните месеци тој и барал пари, заканувајќи ѝ се дека ќе објави фотографии и видеа од нивната врска.

Со одлука на судот тој денеска е пуштен во домашен притвор, а ќе биде во куќата на својата ќерка, додека судскиот совет не одлучи за неговата судбина. Одлуката се очекува да биде донесена до крајот на неделата.

Откако била донесена одлука да биде пуштен во домашен притвор, ќерките на осомничениот плачеле од радост. Според медиумите, пред истражниот суд денеска покрај ќерката биле присутни и браќата на осомничениот, додека сопругата одбива да се види со него.

Според медиумите, распитот на осомничениот траел околу два часа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button