Реклама
Вирално

Таткото го негира делото – еве колкава казна го чека монструмот што свирепо ја уби малата Вања

Граѓаните денес низ солзи го изразија жалењето и неверувањето за насилната смрт на девојчето

Реклама

Како што соопштија од обвинителството, осомничените за двојното убиство се товарат дека делото го извршиле од користољубие кое е дефинирано со членот 123 од Кривичниот закон на Македонија.

Случајот со киднапирањето на Вања Ѓорчевска која исчезна во понеделникот на патот кон училиштето и чие безживотно тело вчера беше пронајдено во атарот на селото Бразда во близина на Скопје го потресе целиот регион.

Во полициската станица е сослушан и нејзиниот татко, А. Ѓ. откако приведените лица кои го признале делото откриле дека токму тој преку првоосомничениот им ги давал податоците за неговата ќерка.

Маркетинг

Како што открија министерот Оливер Спасовски и Јавниот обвинител Гаврил Бубевски на денешната прес-конференција, таткото цело време негирал вмешаност во случајот и се уште е во полиција.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Малолетната Вања исчезна на 27 ноември, а нејзиното тело беше пронајдено во атарот на селото Бразда, во близина на Скопје.

Телото на 74 годишниот Панче Ж. за кого се сомнева дека го убил истото лице како и Вања, е пронајдено во близина на Велес.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Тој се водеше како исчезнат од 24 ноември, три дена пред осомничените да ја киднапираат малата Вања.

И во двата случаи осомничени се истите лица, а според нивните искази, и двете убиства ги извршило истото лице.

Станува збор за лицето Љ.П. кој е добро познат во нашата јавност, а кој во моментов е надвор од државата.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Како што соопштија од МВР и обвинителството, убиството е извршено од користољубие и според Кривичниот закон на Македонија, за ваквото злосторство предвидена е казна затвор од најмалку десет години додека со доживотен затор може да биде казнет оној што заради користољубие ќе изврши убиство, или заради извршување или прикривање на друго кривично дело, од освета или други ниски побуди.

Од полицијата и обвинителството лицето кое е во бегство е главен организатор и осомничен на овој свиреп и монструозен чин.

Фото: Принтскрин/ Фејсбук

Книга на жалоста за Вања

Во основното училиште во кое што учеше Вања денес е отворена Книга на жалоста. Ученици, наставници, граѓани од соседството почнаа да се потпишуваат во книгата и да оставаат цвеќиња.

Голем дел од граѓаните низ солзи го изразија жалењето и неверувањето за насилната смрт на девојчето.

Повеќето од нив изразија и револт, како и барања за најстроги казни за виновниците.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button