Тарчуловски блеснаа на свадба – Јохан го промени имиџот, нема да го ПРЕПОЗНАЕТЕ. Еве како изгледаше и неговата сакана!
Јохан и Соња Тарчуловски ја славеа љубовта.
Некогашната фолк пејачка Соња Тарчуловска својата кариера ја започна кон средината на 90-те години од минатиот век а зад себе има неколку хитови кои ги пеат и денешните генерации.
„Ден по ден” и „Во бело” се песните кои креваат на нозе и старо и младо.
Соња имаше навистина завидна кариера, популарна беше и во дијаспората, но по стапувањето во брак со Јохан одлучи да се повлече од јавниот живот и целосно се посвети на семејството.
Јохан Тарчуловски е политичар и македонски бранител, поранешен инспектор за придружба во Службата за обезбедување на претседателот на Македонија Борис Трајковски и во војната во Македонија во 2001 година, обвинет и осуден од обвинителството на Хашкиот трибунал за повреди на законите и обичаите на војувањето на 12 август 2001 година во село Љуботен.
Нивното најголемо богатство, круната на нивната љубов, се нивните три деца, Мелани, Младен и Јоана.
„Мелани е добра пејачка и глумица, балерина и ученичка. Младен дефинитивно го сака спортот и е многу интелигентно дете“, изјави пејачката во едно свое интервју.
И Јохан и Соња се доста активни на социјалните мрежи, каде често споделуваат фотографии и од своето семејство.
Секаде одат заедно и важат за скаладно семејство.
Обожаваат да патуваат, но најчесто уживаат во природните убавини на Македонија.
Соња вели дека многу парови може само да сонуваат да имаат брак како нивниот.
Сплотеност, толеранција и разбирање владее во нивното семејство.
Јохан и Соња се пример како и после долги години заеднички живот треба да се негува љубовта.
Не се двојат и секаде одат заедно.
Според фотографиите кои ги објавуваат изгледаат вљубено како првиот ден.
Јохан на Фејсбук сподели фотографија од нив двајца направена на свадбена веселба на која присуствувале во еден скопски ресторан.
Она што може да се забележи е дека Јохан пуштил брада и драстично го променил имиџот.
Неговата сакана не можеше да му одолее.
„Македонска свадба голема“, стои во опис на фотографијата.
ФОТО: Фејсбук / Јохан Тарчуловски
ФОТО: Фејсбук / Јохан Тарчуловски
ФОТО: Фејсбук / Јохан Тарчуловски
ФОТО: Фејсбук / Јохан Тарчуловски
ФОТО: Фејсбук / Јохан Тарчуловски
ФОТО: Фејсбук / Јохан Тарчуловски
ФОТО: Фејсбук / Јохан Тарчуловски
ФОТО: Фејсбук / Јохан Тарчуловски
ФОТО: Фејсбук / Јохан Тарчуловски
ФОТО: Фејсбук / Јохан Тарчуловски
ФОТО: Фејсбук / Јохан Тарчуловски
ФОТО: Фејсбук / Јохан Тарчуловски
ФОТО: Фејсбук / Јохан Тарчуловски