Наши ѕвезди

Тарчуловска прв пат го покажа својот татко, но и синот – пејачката пресреќна, блеска во ова друштво

Позираше среќна со своите најблиски

Advertisement

Познатата пејачка одлучи да го покаже својот татко

Нашата позната фолк-пејачка Соња Тарчуловска во последно време често знае да сподели и по некој детаљ од приватниот живот.

Advertisement

Посебно откако постарата ќерка Мелани тргна по нејзините стапки и стана пејачка, па мама горда на неа често споделуваше фотографии и снимки од нејзините настапи.

Фолкерката исто така понекогаш знае да објави и заеднички моменти со сопругот Јохан Тарчуловски, со кого често патуваат со мотор.

Advertisement

Но овој пат Соња ги изненади сите со селфи фотографија на која е нејзиниот татко, но и синот Младен кој веќе е возрасно момче.

Покрај Младен (147) и Мелани (19) Соња и Јохан ја имаат и најмалата ќерка Јоана која ова лето го прослави својот деветти роденден.

Потсетуваме, Соња која долго време беше целосно посветена на семејството и заради тоа направи пуза во својата кариера, неодамна реши да се врати на сцената.

Таа својата кариера ја започна во 1994 година, и со нејзиниот сопруг Јохан за неколку месеци ќе прослави 20 години брак.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button