Реклама
Наши ѕвезди

Тарчуловска по 10 години повторно облече венчаница и го „запали“ интернетот – пејачката изгледа поубаво од кога било досега!

Реклама

Јохан е среќен човек што покрај себе има ваква жена!

Фото: Фејсбук/ Соња Тарчуловска

И покрај тоа што е мајка на три деца, Соња се уште блеска со својот шарм и убавина, а многумина не можеа да препознаат дали фотографиите се нови или стари…

Пејачката Соња Тарчуловска ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи со фотографија во венчаница.

Во прашање е нов проект кој што таа го најави деновиве, кога исто така објави фотографија со која ги изненади сите.

Маркетинг

Но за разлика од раскошната бела венчаница со многу детали од чипка, Соња тогаш позираше во црно од глава до пети.

Фото: Фејсбук/ Соња Тарчуловска

Носеше необичен црн фустан и црни лаковани чизми, а како изгледаше и во ова свое издание, погледнете во продолжение:

Фото: Фејсбук/ Соња Тарчуловска

Нејзината трансформација многумина изненади и сите беа согласни дека Соња никогаш не изгледала подобро.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Соња Тарчуловска

И покрај тоа што е мајка на три деца, таа блеска со својот шарм и убавина, а некои не можеа да препознаат дали фотографијата на која е како невеста е нова или од нејзината свадба. Па за да нема забуни, во продолжение ќе ви покажеме и како таа изгледаше кога го кажа судбоносното „да“.

Фото: Фејсбук/ Соња Тарчуловска

Имено, Соња и Јохан иако беа во брак од 2005 година, пред Бога се заколнаа во 2013 година, во манастирот Св. Јован Бигорски.

Фото: Фејсбук/ Соња Тарчуловска

На венчавката во еден од најубавите манастири присуствуваа само најблиските, а невестата блескаше и изгледаше како принцеза во раскошната венчаница со пердуви.

Фото: Фејсбук/ Соња Тарчуловска

Како госпоѓа Тарчуловска изгледаше тогаш, со круна на главата и полна со љубов за својот сакан сопруг, погледнете во продолжение:

Фото: Фејсбук/ Јохан Тарчуловски

Парот и денес на нивните заеднички фотографии што и двајцата ги објавуваат изгледаат вљубено и среќно како и на почетокот на нивната врска, а многумина забележаа и дека пејачката и физички како воопшто да не се променила.

 

Фото: Фејсбук/ Јохан Тарчуловски

Таа изгледа речиси исто како и пред десетина години, и покрај сите бродоломи низ кои што помина со саканиот.

Фото: Фејсбук/ Соња Тарчуловска

Но нивната љубов очигледно беше посилна од сé, и водилка која и на двајцата им даде сила да ги пребродат препреките.

Фото: Фејсбук/ Соња Тарчуловска

Плод на нивната голема љубов се нивните три деца, кои се горди и среќни што имаат вакви родители покрај себе.

Фото: Фејсбук/ Соња Тарчуловска

Фото: Фејсбук/ Соња Тарчуловска

Фото: Фејсбук/ Соња Тарчуловска

Фото: Фејсбук/ Соња Тарчуловска

Фото: Фејсбук/ Соња Тарчуловска

Фото: Фејсбук/ Соња Тарчуловска

Фото: Фејсбук/ Соња Тарчуловска

Фото: Фејсбук/ Соња Тарчуловска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button