Тарчуловска пак во венчаница? Не сте ја виделе во вакво издание, ќе се изненадите – сопругата на Јохан како принцеза од бајките!
Тарчуловска го претстави својот нов спот…
Спотот за песната „Со црвено“ конечно го здогледа светлото на денот…
Нашата позната фолк пејачка Соња Тарчуловска ги изненади своите фанови со новиот спот.
Пејачката Соња Тарчуловска веќе со недели го најавува своето големо музичко изненадување
Тарчуловска изгледа многу атрактивно во новиот спот, а за сцените на кои се појавува како невеста зборуваат сите.
Покрај тоа што изгледа сјајно и што на овој спот работеше со недели за да изгледа олку добро, коментарите на оние од нејзината бројна публика што ја преслушаа песната се едногласни дека Тарчуловска има нов хит.
Таа претходно, додека го најавуваше истиот, објави неколку фотографии на кои носи преубава венчаница, со која ги воодушеви сите.
Во прашање е спотот за песната „Со црвено“, во кој во главна улога е самата Тарчуловска. Таа во спотот носи неколку прекрасни креации, но сепак, највпечатливо издание беше она со раскошниот бел фустан.
Спотот започнува со црно-бели кадри во кои Тарчуловска се појавува во преубава креација, а целото издание го заокружи со својата долга црна коса и високи чизмички.
Потоа пејачката носи елегантен црвен фустан, со црвени ракавици, а потоа следуваа и кадрите на кои носи венчаница.
Инаку, текстот на песната го потпишува нејзината ќерка Мелани, која исто така влезе во музичките води.
Покрај текстот Мелани заедно со Сара Пројкоска ги пеат и пратечките вокали, а аранжманот е на Дејан Момуроски.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб