Тарчуловска објави слика од својата мајка и напиша емотивна порака: „Те гледам и знам колку е тешко“
Македонската пејачка сподели фотографија од нејзината мајка и ѝ напиша емотивна порака.
Тарчуловска одлучи јавно да ѝ го честита роденденот на својата мајка и ги воодушеви своите фанови.
Пејачката Соња Тарчуловска извесно време направи пауза од музичката кариера и целосно се посвети на семејството.
ФОТО: Фејсбук / Соња Тарчуловска
На радост на фановите таа повторно се активираше и за врати на настапите.
Таа е една од ретките пејачи која може да се пофали со богата музичка кариера и многу хитови зад себе.
ФОТО: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Нејзините евергрини „Во бело”, „Ден по ден”, „Ватрена” се пеат до ден денес.
Семејството ѝ е најголема поддршка во сѐ шо прави.
ФОТО: Фејсбук / Соња Тарчуловска
Соња често ја покажува својата емотивна страна на социјалните мрежи, пишувајќи статуси посветени на нејзините најблиски.
Овој пат таа објави никогаш досега видена фотографија со нејзината мајка.
Пејачката јавно ѝ го честиташе роденденот на мајка си, а во опис на фотографијата напиша:
„Срекен роденден мамичке Кога ќе ме видиш како те набљудувам во паркот, те молам, не паничи. Јас само размислувам како ми беше кога бев на твое место. Те гледам и знам колку е тешко.
Само држи се цврсто и биди љубезна кон себе“.