Тарчуловска ги „шокиpaше“ фановите, во ова бpyтално издание изгледа непрепознатливо – мајката и ќерката ги изненадија сите!
Македонската пејачка направи голема трансформација на изгледот и со една објава ги израдува своите фанови.
Соња Тарчуловска ѝ се враќа на музиката на голема врата, а тоа го потврди и на социјалните мрежи.
Кон крајот на 90-те, Соња уживаше во огромна популарност.
Вaжеше за една од најубавите и најдобри пејачки.
Секоја нејзина песна беше хит, а се пејат до ден денес.
Токму кога беше на врвот од својата кариера, Соња се повлече и максимално се посвети на своето семејство.
Долги години е во брак со македонскиот бранител и политичар Јохан Тарчуловски.
Нивното најголемо богатство, круната на нивната љубов, се нивните три деца, Мелани, Младен и Јоана.
Љубовта меѓу нив е иста кско и првиот ден, а тоа се гледа на фотографиите кои и двајцата ги споделуваат на социјалните мрежи.
Освен тоа, тие понекогаш знаат и да си упатат по некој романтичен збор и да ги разнежнат сите.
Јохан и Соња се вистински пример за тоа што значи партнерот да ти биде поддршка и во добро и во зло.
Се чини дека максимално уживаат во животот, постојано патуваат на дестинации кои ним им се привлечни.
И Јохан и Соња се горди родители, кои често знаат и да се пофалат со успесите на нивните деца.
„Мелани е добра пејачка и глумица, балерина и ученичка. Младен го сака спортот и е многу интелигентно дете“, изјави пејачката во едно свое интервју.
Мелани тргна по стапките на мама и веќе на големо настапува по фестивалите во Македонија.
Таа е вистинско освежување на македонската музичка сцена, а нејзината прва песна веднаш стана хит.
Мелани од своите родители добива максимална поддршка, а како што кажа нејзината мајка во една пригода, таа мора да има нејзин ген.
„Среќна сум што Мелани го прави она што го сака“, изјави тогаш Соња за својата наследничка која и физички е нејзина копија.
По сѐ изгледа сцената многу ѝ недостасувала и на Соња, па и таа одлучи да се врати во музичките води.
Освен што сними нова песна, Соња се пофали дека снима и видео запис.
Нова песна, нов спот, но и нова Соња.
Пејсчката ги изненади сите кога покажа каква трансформација на изгледот за снимањето.
Во „врело” издание таа ги „запали” социјалните мрежи.
Мрежести хулахопки, долга црна коса и црвен кармин, Соња ваква досега ја немаме видено.
„Наскоро нешто ново”, потврди таа.
ФОТО: Фејсбук / Соња Тарчуловска
ФОТО: Фејсбук / Соња Тарчуловска
ФОТО: Фејсбук / Соња Тарчуловска
ФОТО: Фејсбук / Соња Тарчуловска
ФОТО: Фејсбук / Соња Тарчуловска
ФОТО: Фејсбук / Соња Тарчуловска
ФОТО: Фејсбук / Соња Тарчуловска
ФОТО: Фејсбук / Соња Тарчуловска
ФОТО: Фејсбук / Соња Тарчуловска
ФОТО: Фејсбук / Соња Тарчуловска
ФОТО: Фејсбук / Соња Тарчуловска
ФОТО: Фејсбук / Соња Тарчуловска
ФОТО: Фејсбук / Соња Тарчуловска
ФОТО: Фејсбук / Соња Тарчуловска