Бидете внимателни кон своите деца, тие можат да го прочитаат и тоа што го мислите
Познатиот Владе Јеротиќ е еден од најголемите мислители во Србија, но и на Балканот.На едно сво предавање тој кажа „Не знам дали некој може да сака ако не е сакан, или – со други зборови – колку и со каква сила во детството сме биле сакани, толку многу ќе можеме да ги сакаме и другите. Децата не го зацврстуваат бракот. Таму каде бракот е добар, тој може да стане подобар со децата. Значи, детето е онакво каков што е и самиот брак.”
Родителите некогаш мислат дека ги сокриле своите кавги од децата, сепак детето погрешно се развива кога во бракот постои недостаток на топлина и сигурност кај самите родители. Партнерите треба да се сакаат најмногу на светот, за детето да ја впие таа љубов и да се чувствува добро.
Со децата се одредува организација на животот, начинот на функционирање во семејството, како и системот на вредности и верувања. Ако секој функционира по свои сопствени правила, детето нема патоказ за тоа што може да очекува. Така тоа ја губи својата сигурност и станува ранливо и плашливо.