Тамара Тодевска во гламурозно издание на „Златна Бубамара“ – еве кој ѝ правеше друштво до крај
Тие ѝ се најголема поддршка и останаа со неа до крај.
Тамара во гламурозна тоалета се појави на манифестацијата.
Тамара Тодевска е една од најдобрите пејачки кај нас, чиј вокал ретко кој може да го надмине.
ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска
Доказ за нејзиниот квалитет се успесите кои ги реди од година во година.
Нејзините песни сите до една се хитови и ги знаат од најмлади до најстари.
ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска
Нејзиниот приватен живот пак, секогаш е интересен за публиката.
Неколку години беше во брак со некогашниот кошаркар Александар Димитровски – Мачка.
ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска
Плод на нивната љубов се ќерката Хана и синот Дарен.
Дека и понатаму верува во љубовта доказ е нејзината сегашна врска.
ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска
Тамара неодамна обелоден дека е во врска со архитектот Лука Радовиќ.
За него вели дека е нејзина сродна душа.
ФОТО: Инстаграм / Тамара Тодевска
Лука ѝ е поддршка во сѐ што прави и многу ѐ помага.
На снимањето на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“, оваа година, Тамара се појави во придружба на Лука, но и на нејзините две деца, Хана и Дарен.
Таа сподели нивни фотографии на Инстаграм и откри кој издржал до крај на снимањето, а кој заспал.