Тамара со трогателна порака за убиениот македонски бизнисмен во Грција: „Патувај спокојно Оки“
Пејачката со емотивна порака се збогуваше од 39-годишниот Бајрами што ладнокрвно беше убиен во Грција
Веста за ладнокрвното мафијашко убиство на македонските државјани во Грција денес е главна тема во медиумите.
Како што објавија грчките медиуми, водачот на кланот Дуќанџик, Орхан Бајрами, викан Оки, е еден од ликвидираните македонски државјани.
Нападот се случил утринава, околу 3.30 часот, кога двајца убијци со мотор стигнале до апартманот во кој биле жртвите во Ханиоти.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Бајрами бил главна цел на нападот тој починал на лице место, а погодено е уште едно лице, исто така македонски државјанин.
Грчките медиуми пренесуваат дека убиениот бил триесет и деветгодишниот бизнисмен од Македонија, сопственик на казино.
Маскираните напаѓачи ликвидацијата ја извршиле во хотелската соба во која испукале 20 куршуми.
Фото: Социјални мрежи
Тие делото го извршиле со качулки на главата и избегале со мотор, а полицијата претпоставува дека подолго време ја следеле жртвата.
Бајрами во Македонија се поврзува со групата „Дуќанџик“, која е во постојана војна со другата група „Беланоца“.
Како што пишуваат грчките медиуми, најверојатно во прашање е мафијашка ликвидација заради нерасчистени сметки.
Бајрами беше поврзуван и со убиството на македонскиот државјанин во Косово што се случи пред само месец дена, а пред три месеци беше убиен негов близок пријател во старата скопска чаршија.
Од Оки кој беше познат на голем број лица од јавниот живот во Македонија се збогуваат многумина, а една од нив е и Тамара Тодевска.
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Пејачката во рамките на своите Инстаграм приказни објави фотографија на која е заедно со него, а под неа напиша:
„Патувај спокојно Оки“, напиша Тамара на една заедничка фотографија која потоа брзо ја избриша од социјалните мрежи.