Тамара реши на своето тело да ги истетовира имињата на МАКЕДОНСКИТЕ револуционери, прв е Гоце Делчев!
Коментарите што можеме да ги прочитаме за неа на социјалните мрежи повторно се безмилосни
И покрај тоа што се извини и милион пати изјави дека било ненамерно, многумина се уште не и простуваат за грешката.
Тамара Тодевска во своето последно интервју за „Бекстејџ“ зборуваше отворено за немилиот настан што и се случи по Евровизијата. Имено, таа беше главна тема со денови по несреќниот гаф што го имаше при интонирањето на македонската химна во амбасадата на САД. Таа откако го предизвика револтот и беше критикувана на социјалните мрежи од страна на публиката, неколку пати јавно се извинуваше, но очигледно дека многумина се уште не можат да и простат за ненамерната грешка.
Таа за ова зборуваше и во Бекстејџ потсетувајќи дека понесена од емоциите и возбудата заборавила дел од текстот на македонската химна во кој се споменуваат нашите револуционери, па сега кога некој ќе го спомене нејзиното име, луѓето веднаш се асоцираат на овој неславен момент од нејзината кариера. „Јас мојот народ си го сакам, но вакви работи ме разочаруваат“, вели Тамара во интервјуто и додава дека планира да ги истетовира токму овие стихови, што во американската амбасада заборави да ги испее.
Ова не е прво извинување на Тамара во јавноста. Таа и еден ден по настанот, се извини со порака која тогаш ја објави на социјалните мрежи. Еве што напиша тогаш таа:
„Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка. Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од амбасадата на САД. Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната“.
„Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната“.
„Уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срце да ми простите, напиша тогаш Тамара во своето извинување.
Но очигледно дека многумина не сакаат да и простат, па и овој пат на социјалните мрежи многумина буквално ја „распнаа“ со негативни коментари. Секако дека не се сите такви, но тие преовладуваат што значи дека и покрај бројните извинувања, публиката се уште и го нема простено гафот.
Но за разлика од она што се случува кај нас, и дали Тамара намерно или ненамерно го направила тоа (во што искрено веруваме, но го разбираме и револтот на публиката) факт е дека Тамара на светската сцена продолжува да ниже успеси. По генијалниот настап на Евровизија и освоеното прво месо од страна на стручното жири со пто не престави во најдобро светло, Тамара потоа беше прогласена и за најголемо изненадување на Евровизија.
Таа со својата песна „Proud“ победи и во „Vision Music Award for Biggest Surprise“, а можеби важи и за една од нашите најдобри пејачки надвор од Македонија.
Но очигледно тоа не е доволно за некои, но ние веруваме дека Тамара еден ден ќе успее да го пронајде патот и ќе ги направи сите да бидат горди на нејзиниот успех.
Што мислите вие?