Реклама
Наши ѕвезди

Тамара во пижами, а Гиговска со тренди фризура и во скинати фармерки – конзервативците во шок поради стилот на пејачките

Реклама

Премиерот Зоран Заев и се заблагодари на Тамара Тодевска за успехот што го постигна на Евровизија и истакна дека таа заедно со својот тим станаа херои на земјата и силен глас за правата на девојките и жените ширум светот.

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Тамара заедно со комплетниот авторски и сценски тим со кој настапи на изборот за Песна на Евровизија добија од премиерот на Македонија плакета како знак за признание за историското прво место на овој престижен музички фестивал. Премиерот Зоран Заев им се заблагодари и им честиташе за резултатот што го постигнаа со гласањето на стручното жири на најгледаната манифестација на популарната музика во светот – Евросонг 2019 во Тел Авив, Израел, за композицијата „Горда“ (Proud), која ја направи нашата земја главна тема на евровизиското музичко шоу што го гледаа 200 милиони гледачи. Премиерот ги пречека со прегратки и бакнежи, а во центарот на вниманието беше Тамара Тодевска како и младата пејачка Антониа Гиговска кои со нивните необични стајлинзи ги ш0кираа модните конзервативци.

Имено, Тамара носеше комплет кој поради дезенот потсетува на пижами, додека нејзината помлада колешка која беше дел од тимот се појави во црно, машко сако, маица, коса врзана во коњско опавче и скинати фармерки.

Маркетинг

Инаку, многу познати модни куќи веќе неколку сезони во своите колекции ни нудат најразлични модели и комплети кои потсетуваат на пижами! Во прашање е тренд за кој ви е потребна храброст, која очигледно не и недостасува на Тамара што е за секоја пофалба.

Фото: Принтскрин

Имено, Тамара повторно ни покажа дека е девојка која не се плаши да исплива од сигурната зона и да се прошета во необични и потполно неочекувани парчиња.

Маркетинг
Фото: Фејсбук

Од друга страна и убавата Антониа Гиговска не изненади со нејзиното „all-black“ издание, посебно поради тесните, скинати фармерки за кои дефинитивно треба да имате храброст да ги носите на еден ваков тип на настани.

Но оваа млада девојка очигледно нема проблем со тоа со што заслужува само пофални зборови.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button