Тамара во Ким Кардашијан издание ги „зaпaли“ социјалните мрежи – популарната пејачка никогаш не била позгодна од сега!
Нашата позната пејачка вредно работи на своето тело
Откако објави преслатко видео со нејзиниот син Дарен, Тамара Тодевска сподели едно кратко видео од теретана.
Од снимката можеме да видиме како музичката ѕвезда изгледа додека вежба на една справа, со слушалки на главата и облечена во „необично“ издание со кое никого не остави рамнодушен.
Имено, популарната пејачка овој пат позираше во хеланки и тесна, спортска кроп топ блуска во „нуде“ нијанса.
Ваквите хеланки, па и комбинезони во светот во изминативе години ги прослави популарната ријалити ѕвезда Ким Кардашијан, но мораме да признаеме дека и Тодевска во нив изгледа одлично.
Пејачката откако ослабна постојано добива поддршка од фановите, како преку бројни лајкови, така и во коментарите.
Таа со својата упорност и решителност го доведе своето тело во топ форма, па сега изгледа подобро од кога било досега.
Нејзините килограми во текот на животот варираа, а по животната фаза во која нафрли некое килце повеќе, популарната пејачка очигледно е решена тоа повеќе никогаш да не си го дозволи.
Таа веќе некое време посветено тренира, така што дури и во овој пост празничен период може да се пофали дека блеска.
Таа на овој начин ведно им дада поттик и на своите фанови да го направат истото, бидејќи паролата „во здраво тело, здрав дух“ треба да важи преку цела година, а на само неколку недели пред да заминеме на одмор.
А како таа изгледа кога е тип-топ срецена, погледнете од фотографиите во галеријата…
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска
Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска