Талат од „Преспав“ скршен од болка се збогуваше со ЕМОТИВНИ ЗБОРОВИ од својот пријател (фото)
Познатиот актер со емотивна порака се збогуваше од својот пријател.

Талат од „Преспав“ со емотивна порака за пејачот кој синоќа беше убиен на Пластичарска.
Во престрелка која се случи синоќа пред полноќ убиен бил 29-годишниот пејач од Скопје, Амар Исмани.
ФОТО: Инстаграм
На престрелката ѝ претходела и масовна тепачка, после што дошло до пукање.
Според неофицијални информации, мотив за убиството биле нерасчистени сметки меѓу учесниците во престрелката.
ФОТО: Инстаграм
Младиот пејач веднаш по инцидентот бил пренесен во болница и хоспитализиран но докторите за жал не можеле да му помогнат.
Обвинителството соопшти дека се издадени наредби за собирање на докази.
Исмани на Инстаграм го следат околу 300.000 луѓе.
ФОТО: Инстаграм
На социјалните мрежи често споделувал фотографии од своите патувања.
На 25 април пак, на своите фанови на социјалните мрежи им покажал дека се верил со својата избраничка.
ФОТО: Инстаграм
Неговите пријатели веќе јавно се збогуваат од него, а еден од нив е и актерот Дритон Вејсели кој ја имаше улогата на рецепционерот Талат во серијата „Преспав“.
Дритон сподели заедничка фотографија со Амар, а во опис напиша:
„Се гледаме во рајот пријателе“.