Талат од „Преспав“ конечно ја претстави својата девојка – ВИСТИНСКА УБАВИЦА, актерот вљубен до уши во неа!
Популарниот актер е вљубен до уши и не го крие тоа.
Момчето кое македонската јавност го запозна по улогата на Талат од Џепчиште во хумористичната серија „Преспав“ сподели новитети со публиката.
27-годишниот Дритон Вејсели ја освои публиката со својата генијална глума и иако одамна заврши петтата сезона на „Преспав“ народот не го заборави и со нетрпение чека новитети од него.
-Мило ми е кога ќе слушнам дека Талат е еден од омилените ликови. Но, морам да бидам искрен дека никогаш не размислував на тој аспект, публиката како ќе го прифати. Јас само се потрудив тоа што сум го научил на факултет и искуството од претстави да го пренесам и искористам и да биде совршено – изјави актерот своевремено.
Сепак, покрај телевизијата, односно, ситкомот, театарот е исто така негова голема љубов.
Дритон инаку е доста активен и на социјалните мрежи каде според фотографиите мора да се признае дека и тоа како внимава на изгледот и е една огромна спротивност од наивниот Талат.
Тој се труди доста да го скрие својот приватен живот, но неодамна откри дека е вљубен и кажа дали има девојка.
Деновиве тоа познатиот актер го потврди и со фотографии на социјалните мрежи.
Станува збор за исклучително убава девојка, на Инстаграм потпишана како Анеса Сабедини, која по професија е наставничка по уметност во едно приватно училиште.
Профилната фотографија на нејзиниот Инстаграм профил е токму со Дритон, па токму затоа може да се заклучи дека станува збор за сериозна врска, штом и двајцата тоа не го кријат.
На фотографиите споделени неодамна се гледа дека и двајцата уживаат во заедничките моменти.
Инаку, Дритон е роден е во Тетово, како што ќе каже, по сплет на околности, а детството го поминува во Скопје, каде и денес живее.
Завршува средно уметничко, а дипломира актерство на ЕСРА.
Она што малкумина го знаат е дека Дритон нема возачка дозвола, но и дека неговите родители се сопственици на познатата скопска слаткарница „Малага“.
Актерот има и двајца браќа, постар и помал од него. Со помалиот е 10 години разлика, а со постариот 3 години. Вели дека одлично се согласуваат и дека во нивното семејство секогаш има позитивен дух.
Неговиот постар брат е музички продуцент, а Дритон вели дека растел со неговата музика.
Во едно интервју тој откри и дека е љубител на фудбалот кој го доживува како уметност, а еден од омилените фудбалери му е Лионел Меси.
Дритон има уникатен стил и чиство за мода, па секогаш ги следи модните трендови.
Во продолжение погледнете повеќе негови фотографии: