Тажни зборови од кои ќе ви се насолзат очите – Андријана Јаневска се обрати до својата почината мајка Нада
Емотивна порака со која пејачката растажи многумина
И по толку години болката е минува
Една од нашите најпознати поп-пејачки Андријана Јаневска пред пет години остана без својата мајка Нада.
Нада беше најголема поддршка во нејзиниот живот, па пејачката со оваа голема загуба се уште се нема помирено.
Таа денес се потсети на неа, а на социјалните мрежи покрај неколку фотографии напиша и неколку стихови што и ги посвети.
Фото: Фејсбук/ Андријана Јаневска
„Веќе петто лето, петта зима, Сонцето, мајко, изгрева и заоѓа, секое изгрејсонце ликот твој го има, во секоја сончевина, тебе те пронаоѓам. На мајка ми Нада“, напиша Јаневска на Фејсбук.
Како што самата изјави во една пригода, Андријана ни не успеала да се збогува од својата мајка затоа што таа починала ненадејно, од мозочен удар, на 62 годишна возраст.
Фото: Фејсбук/ Андријана Јаневска
Тоа беше тежок удар за целото семејство, а пејачката во 2020 година, две години по смртта на својата мајка Нада ја објави песната „Летај“ која што и ја посвети.