Реклама
Наши ѕвезди

Тажниот животен пат на Мики Секуловски пред шоуто „Ѕвездите на Гранд“ – беше скршен од болка!

Мики мораше да остане во Белгија заради семејната трагедија што му се случи, а потоа кога се врати, реши да се пријави во „Ѕвездите на Гранд“. И не згреши...

Реклама

Мики Секуловски со својата харизма што ја поседува ги освои сите во „Ѕвездите на Гранд“ каде го освои високото второ место.

Тој цело време важеше за еден од фаворитите во шоуто, а финалната вечер покажа и дека сите оние што навивале за него биле во право.

Имено, Мики со своите настапи пред милионскиот аудиториум ги остави сите без зборови и потполно заслужено се пласираше меѓу тројцата најдобри, и тоа заедно со уште една пејачка од Македонија.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Мики Секуловски, Андријана Петрушовска и Шејла Зониќ останаа последни да се натпреваруваат за победа и по последниот пресек, а според гласовите на публиката, трофејот го однесе Шејла.

Маркетинг

И како што изјави цеца Ражнатовиќ по финалето, која им беше ментор и на Шејла и на Мики, тие и двајцата потполно заслужено триумфирале во шоуто, освојувајќи го првото, но и високото второ место.

„Навистина ми е драго публиката што има слух, да слушне и да знае што чини. Среќна сум, ова е Божја правда, апсолутно“, вели Цеца.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Возбуден од неочекуваното второ место е и Мики кој преку социјалните мрежи им се заблагодари на сите што гласале за него.

Но и покрај тоа што шармантниот велешанец на сцената доминираше во сите изминати кругови, речиси никој не знаеше што се случуваше во неговиот приватен живот и низ што поминува Мики.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Како што самиот откри тој имаше тешка животна судбина, но му се случи и голема семејна трагедија за која зборуваше во „Гранд“.

Како што откри самиот непосредно пред финалето, пред неколку години заминал во Белгија за да го посети семејството. И бидејќи неговиот татко бил болен од рак на дебелото црево, решил да остане и да им помогне на својот брат и мајка, едно време работејќи и како келнер.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Кога татко ми почина јас се вратив. Тоа беше пред две години“, раскажа Мики за Гранд откривајќи уште неколку детали од приватниот живот истакнувајќи дека заради семејните проблеми во Белгија едноставно морал да остане и тоа било така пет години.

На крајот се вратил и одлучил да се пријави во „Ѕвездите на Гранд“, одлука која ќе му го промени животот.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Да, на Мики по овој генијален резултат сите врати му се отворени кога станува збор за неговата музичка кариера.

Како што и претходно открија од продукцијата, покрај победникот и останатите финалисти ќе бидат наградени. И пред нив е блескава иднина, па така покрај договорот со најголемата продукциска куќа и грижа околу нивните настапи, некои од нив ќе добијат и песна. Покрај тоа ќе добијат и маркетинг поддршка од страна на продукцијата, впрочем како и многу други ѕвезди кои се родиле токму на грандиозната сцена во „Ѕвездите на Гранд“ каде за прв пат се претставиле пред пошироката публика. Некои од нив не биле победници, но направиле голема кариера, а со резултатот што го направи Мики и со војската фанови покрај себе, тој веќе е ѕвезда за која сме сигурни дека ќе остане уште долго време да сјае на нашето небо. Тој тоа потполно го заслужи, а дека тоа навистина е така, потсетете се и од неговите брилијантни настапи во шоуто.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button