Тажна приказна што на многумина ќе им ги скрши срцата – на ова ТРИГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ никој не му дојде на роденден
Ниту едно дете не дојде на роденденот…
Мајката на ова мало девојче на роденденската забава повикала 27 деца, но апсолутно ниту едно од нив не дојде.
Брајана Стронг, Тиктокерка од Солт лејк Сити, главниот и најголем град на американската сојузна држава Јута, на својата тригодишна ќерка Авери и организираше роденденска забава, но на исата никој не се појави.
„Барем да измислував“, пишува покрај видеото што оваа мајка го објави на ТикТок и растажи многумина со својата приказна.
Имено, Брајана на роденденската забава повикала 27 деца, но апсолутно ниту едно од нив не дојде.
„Џабе си ги потрошив времето и парите. Срцето ми е скршено бидејќи јас сум и мајка, тажна сум, и само сакам да се гушкам со моите деца сега“, пишува оваа огорчена мајка во своето видео.
Многу родители и дадоа поддршка, а некои од нив споделија и слични искуства што ги имале со нивните деца.
Брајана потоа им одговори на сите и им даде до знаење дека нејзината ќерка не била тажна и покрај околностите.
„Таа доби се што сакаше. Пциа, торта и си играше во игротеката. Се уште е премлада з да сфати што се случува и се забавуваше. Но мене тоа ме растажи многу, објасни оваа мама“, пишува Слободна Далмација.