Реклама
Вирално

Тажна приказна за дете кое има седум години, а изгледа како старец – причината е што боледува од тешка и ретка болест

Реклама

Ова младо момче од Бангладеш боледува од ретка болест позната како прогерија, поради што забрзано старее – и тоа осум пати побрзо од другите луѓе!

На прв поглед Бајезид Хосаин изгледа како многу низок старец, со голема мудрост во своите тажни, набрани очи. Но и покрај тоа што делот за мудроста може да биде и вистина, луѓето се шокирани кога ќе дознаат дека Бајезид всушност не е старец, туку дете од седум години.

Маркетинг

Да, добро прочитавте. Во прашање е дете на седумгодишна возраст кое боледува од ретката болест позната како прогерија.

Бајезид живее во Бангладеш, а поради болеста забрзано старее и тоа осум пати побрзо од другите луѓе. Покрај оваа болест, тој има уште една ретка болест, „Cutis Laxa“ поради која неговата кожа виси. Неговите здравствени проблеми се бројни и тешки, од болки во зглобовите до скршени заби.

Маркетинг

Неговата мајка, Трипти, беше многу изненадена кога го роди. И се скрши срцето. Во тоа време била тинејџерка.

„Докторите не знаеја што да направат“, изјави таа. „Ми кажаа дека никогаш не виделе такво бебе“.

Поради неговиот изглед, заедницата често чудно го гледа и го избегнува. Децата се плашат да се играат со него па не може да оди на училиште. Но соседите едноставно навикнаа на него и му го дадоа прекарот „Старец“.

Времето го минува во игра и цртајќи, a и покрај физичките разлики, тој е мошне интелигентен….

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button