Тажна вест – ќерката на Цеца го изгуби бебето
Анастасија Ражнатовиќ го изгуби бебето - тажната вест ја сподели нејзиниот партнер Немања Гудељ

Тажната вест ја сподели Немања на својот Инстаграм
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ ги изненадија сите кога открија дека наскоро ќе се остварат во улога на родители.
Тие открија и дека пејачката носи женско дете, но, за жал, бременоста беше прекината, објави српскиот „Блиц“.
Како што самиот фудбалер сподели на својот Инстаграм, ова е болен момент за нив, но верува дека нивната љубов ќе победи.
„Ги споделивме со вас убавите вести и бевте со целото срце, честитки и пораки со нас. Ви благодариме за тоа. За жал, имаме лош вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање дека за тоа не сакаме да зборуваме. На наша голема жал Анастасија и јас го изгубивме бебето.

„Ова е болен момент за нас, но нашата љубов ќе го победи и ова“, напиша фудбалерот на својот профил на Инстаграм.
Инаку, Анастасија веќе некое време живее со Немања во Севиља, каде што тој игра фудбал за тамошниот тим.

Мајката на Анастасија, Цеца Ражнатовиќ, неодамна во нејзината емисија „Цеца шоу“ отворено зборуваше дека е пресреќна што наскоро повторно ќе се оствари во улога на баба, што, за жал, нема да се случи.
Нејзината ќерка Анастасија ги исклучи социјалните мрежи и потполно се повлече. Некои од најубавите нејзини моменти со Гудељ погледнете ги во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ