Вчера во Битола на 89 годишна возраст, почина Петар Павловски, доајен на македонската музика.
Петар Павловски, роден е 26 октомври 1935 година во Битола, каде живееше и работеше се до својата смрт.
Петар, битолчани ќе го паметат како доајен на македонската музика кој заедно со својата сопруга Цвета, за што велеа дека дуеот и љубовта се врсници.
Снимија околу шеесетина песни, а најпозната им е песната “Цветините очи черешово, сношти ги видов расплакани“. Тука се и познатите македонски песни “Ах, каде е мојто либе“, “Те видов и се заљубив“, “Дали думаш либе“ кои тие први ги ставија на носач на звук и до ден денес се пеат.
Секако имаат снимено и голем број на други песни. Сите овие песни повозрасните битолчани го слушаа преку брановите на тогашното “Радио Битола“, каде и беа снимени, а настапуваа и на Радио Скопје. Дуетот Павловски има снимано песни и за продукциската куќа “Југотон“.
Петар Павловски покрај тоа што беше дует во музиката, за сопруга ја имаше Цвета Павловска, со која беa во брак 62 години, а пред две години на свечен начин прославија 60 години брак.
Опелото и погребот на Петар Павловски ќе се одржат утре во Битола. Телото ќе биде изложено во црквата “Св. Димитрија“ во Битола од 10 до 12 часот, а погребот ќе биде во “Буковските гробишта“ во 13 часот.