Вирално

Тажна вест – почина Борка (37) која момчето ја запроси истиот ден кога дозна дека има метастази

Тажна вест што го потресе регионот

Advertisement

Почина Борка Бокица Стефановиќ (37) од Врање, соопштија на својата Фејсбук страница Друштвото на онколошките пациенти од овој град.

На истата оваа страница на Фејсбук пред само неколку дена беше предупредено дека на Борка, која веќе три недели се наоѓаше во Атина на лечење, и недостигаат пари за понатамошно лекување.

Advertisement

Според пресметката од болницата, за нејзиното лекување недостасуваше уште 10.000 евра.

Фото: Фејсбук/ Борка Стефановиќ

Но, за жал, оваа млада девојка ја изгуби битката.

Advertisement

„Во 38 година почина нашата Борка Бокица Стефановиќ. Не постојат зборови со кои би ја изразиле својата тага, бидејќи замина најдобрата, најхрабрата и најдоблесната девојка која што ја познававме. Беше единствена, внесуваше радост каде и да се појавеше, бидејќи и самата беше тоа – радост. Ќе ја памтиме таква, се додека бивствуваме.

Фото: Фејсбук/ Борка Стефановиќ

„Не постои смрт, постојат само преселби“, пишува на страницата на Друштвото на онколошки болести од Врање.

На истата страница тие потсетуваат дека Борка се разболела пред три години, кога имала 34 години. Како што пишува во објавата, таа стоички поминувала низ целиот процес на операција, па хемотерапија, па повторно операција, па терапија и така со денови, месеци, години…

„Колку и да и беше тешко, таа тоа не го покажуваше, туку со жар се приклучи на нашето здружение. Секогаш беше прва, да организира, да направи и да им помогне на другите. Во нејзиниот речник не постоеше ‘не’, туку ‘може’, ‘нема проблем’, ‘тука сум за тебе’“, велат од здружението.

Како што пишува порталот „Нова.рс“, Борка пред три години ги почувствувала промените на дојката, па направила контрола.

И откако и биле забележани бенигните промени, таа продолжила со своето секојдневие на работи и со момчето.

Последната објава на Борка на Фејсбук

Таа редовно одела на лекарски прегледи, се додека еден ден не почувствувала болка во грбот и одземеност на десната нога.

Таа потоа беше неподвижна 38 дена, а по операцијата на рбетот резултатот од биопсијата покажа дека промената била од метастаза.

Тогаш и започна нејзината лавовска борба за живот, а голема поддршка добиваше од момчето што ја запроси на денот кога дозна дека метастазите се рашириле насекаде низ нејзиното тело.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button