Познатиот аргентински музичар Марсело Пералта го изгуби животот како последица од коронавирусот во Мадрид, на 59 годишна возраст, пренесуваат светските медиуми.
Тажната веста ја потврди неговиот колега и голем пријател, Гиљермо Бацола.
„Жал ми е што морам да ве известам дека мојот пријател Марсело Пералта ја изгуби битката со болеста. Беше сјаен музичар и прекрасна личност. Секој што имаше привилегија да го познава се гордееше со него. Марсело беше еден од моите најблиски и најстари пријатели. Го запознав во 1982 година и бевме ‘одвоени’ во текот на годината само кога тој беше во Мадрид, а јас се уште во Буенос Аирес. Останатото беше музика, уживање и забава, и тоа секогаш ќе го памтам… скршен сум, но чувствувам одговорност да ја пренесам веста на сите“, напиша Бацола на својот профил на Фејсбук и апелираше до луѓето да водат повеќе сметка за своето здравјето.
Марсело Пералта се роди во Буенос Аирес во 1961 година. Студираше клавир и музичка теорија, а во 1979 година доби сертификат за професор по музичка култура. На 18 години почна да свири на саксофон и беше заинтересиран за Сержо Шалофа, а беше инспириран и од големите музичари како Џон Колтрејн, Алберт Ајлер и Орнет Колмен.
Од 1996 година живееше во Мадрид.
Свиреше на бројни фестивали, каде покажа завидна техника во свирење на саксофон.
Погледнете еден од неговите настапи: