Тажна вест од Холивуд, состојбата на Брус Вилис се влоши: Никој не знае колку време му преостанува…

Здравствената состојба на Брус Вилис ги загрижи фановите
Брус Вилис ја заврши кариерата кога му беше дијагностицирана афазија, нарушување кое влијае на говорот, меморијата и другите когнитивни функции, а во некои случаи може да доведе до деменција.
Оттогаш, 68-годишниот актер е фотографиран само еднаш во јавноста, а здравствената состојба на Брус Вилис ги загрижи обожавателите на неговиот лик и дело.
Членовите на семејството максимално и се посветени на актерската легенда, а како што пренесуваат американските медиуми, здравствената состојба на Брус Вилис нагло се влошила последните недели.
– Брус има добри и лоши денови, но во последните два месеци има повеќе лоши отколку добри денови – рекол изворот за „Us Weekly“. Ова искуство уште повеќе го зближи целото семејство.
Никој не знае колку време му преостанува на Брус, па го користат секој момент што го имаат со него.
Здравствената состојба на Брус Вилис ги растажи фановите кои постојано испраќаат пораки со поддршка на адресата на актерот.
За потсетување, покрај сопругата Ема Хеминг и нивните деца Мејбел и Евелин, Вилис го поддржува и поранешната сопруга Деми Мур, со која имаа три ќерки Румер, Талула и Скаут.
Ема Хеминг и Деми Мур, сегашната и поранешната сопруга на Брус, се зближија уште повеќе и заедно му помагаат на актерот да си го олесни животот со болеста, а Деми се труди да биде во постојан контакт со него.
– Ја користи секоја прилика да помине време со него. Ако не е со него, тогаш се јавува на телефон само за да го слушне гласот на Брус – додал изворот.