Тажна вест од која многумина се расплакаа – снаата на Енес Беговиќ на својот син ќе му го даде ова име
Внукот на Енес Беговиќ ќе го носи името по својот починат татко?
Трагедијата што му се случи на семејството на босанскиот пејач Енес Беговиќ го потресе целиот регион.
Енес претходната недела го закопа својот син, а наскоро ќе добие внук бидејќи Армин остави зад себе бремена сопруга.
Како што пишуваат медиумите, снаата Алина носи машко дете и во секој момент би можела да се породи.
Таа наводно решила на својот син да му го даде името на нејзиниот починат сопруг Армин.
Како што објавија медиумите од соседството, на починатиот Армин најголема желба му била да добие дете, наводно затоа и прекинал со терапиите што морал да ги пие заради автоимуната болест.
Но и покрај неговата преголема желба да добие дете, за жал на крај не успеа да го дочека и да го држи во своите раце.
Тој почина претходната недела, а неговата сопруга во спомен на него на нивното дете ќе му го даде неговото име.
Бремената снаа на Енес наводно е добро, колку што може да биде во целата оваа трагедија.
Како што вели извор близок до семејството, кога таа ќе се породи нејзиниот наследник колку-толку ќе внесе радост во семејството, иако нема да може да ја надомести преголемата тага и болка заради прераниот губиток на Армин, вели изворот за српскиот „Телеграф“.
Потсетуваме, Армин беше погребан на 15 јуни, а на погребот не присуствуваа неговата мајка и снаата, бидејќи таков е обичајот.
Армин наводно со години боледувал од автоимуна болест, со која се борел со години, а најголема поддршка му беше неговиот татко.