Реклама
Наши ѕвезди

Тажна вест, во прашање е ќерката од првиот брак на Дарко Лазиќ – популарниот пејач реши да си ја отвори душата, ова боли!

Реклама

Не ја гледа својата ќерка

Фото: Инстаграм

Познатиот фолк пејач Дарко Лазиќ истакна дека својата ќерка што ја има од првиот брак со Ана Севиќ не ја видел цела година.

„Лорена го виде Алексеј пред година дена и беше воодушевена. Многу е паметна, сака деца, нема тука љубомора, јас не правам разлика меѓу децата. Ќе бидам искрен, ќе ги воспитувам да не бидат како јас. Нема многу убави работи поврзани со моето минато“, изјави Дарко, па продолжи:

Маркетинг

„Секое дете сака да расте во заедница, и да има родители, а ако не се заедно да биде малку со својот татко, а малку со мајката“ вели познатиот пејач.

„Лорена ја видов последен пат пред година дена, тоа морате да ја прашате Севиќ. Ми недостига најмногу на свет, би дал се да ја видам барем на еден час, на минута. Тоа што Ана и јас не решивме некои работи, само и кажав дека ќе ги решиме, но таа нема мене да ми наштети, туку на детето. Секое дете има право да биде со биде со својот татко, не е убаво преку детето да ме саботира… Тие се важни, ние сме тука да ги заштитиме, како и секој родител што нормално размислува. Веќе ми е преку глава од вакви работи. Гледам дека луѓето би направиле се само себеси да се измијат. Јас ако не сум задоволен, нема да има ни жена, ни девојка, ни дете“, изјави популарниот пејач во емисијата Премиера – викенд специјал“.

Што е вистина, а што лага, прашање е сега?

Инаку, набргу по гостувањето на Дарко во емисијата, се огласи и неговата поранешна сопруга Тања Севиќ.

Маркетинг

Имено, по емотивната исповест на познатиот фолк-пејач во емисијата „Премиера – викенд специјал“, Ана на својот Инстаграм објави фотографии со кои сакаше да покаже дека нејзиниот поранешен не ја зборува вистината.

Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ

„Таа на фотографиите го означи и точниот датум кога Лорена била кај Дарко, како и тоа дека шестиот роденден го прославила кај него, во неговото родно село.

Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ

„10.07.2020, роденденот на Лорена во Брестач“, пишува во описот на една од фотографиите додека во другиот опис стои датумот 7 јули од оваа година кога Лазиќ во Вибер преписка и испратил фотографија како се вози со својата ќерката.

Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ
Фото: Инстаграм/ Ана Севиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ
Фото: Инстаграм/ Дарко Лазиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button