Вести
Тажна вест вечерва ја потресе македонската јавност – На 38 години почина Дејан Костуранов
Реклама
Тажна вест од Србија ја потресе македонската фудбалска јавност вечерва. Дејан Костуранов, поранешниот голман на клубовите Македонија ЃП, Вардар, Силекс, Скопје, Охрид и Еуромилк, почина на само 38-годишна возраст.
Костуранов, кој по завршувањето на својата професионална кариера во 2016 година се пресели во Србија, работеше како тренер на голмани во аматерската репрезентација на Србија и беше дел од стручниот штаб на Раднички Ратково.
Неговата последна активност беше пред два дена, кога со аматерската селекција на Србија обезбеди пласман меѓу осумте најдобри селекции на квалификацискиот турнир во Стара Пазова.
Маркетинг
Македонската фудбалска заедница загуби истакнат спортист и тренер, чиј придонес во македонскиот фудбал ќе остане запаметен.
Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .