Тажна вест: Братот на еден од учесниците во „Елита“ ПРОНАЈДЕН МРТОВ – оваа објава ги расплака сите!
Се појавија и фотографии од братот на починатиот како го изнесуваат од програмот во живо за да му ја соопштат тажната вест
Неговиот брат беше во „Елита“ кога се случи несреќата
Родениот брат на учесникот во ријалитито „Елита“, Марко Јањушевиќ Јањуш, Михаило Јањушевиќ, пронајден е мртов.
Како што пренесуваат српските медиуми, Михаило си го одземал животот, а Марко за тоа време беше во „Елита“.
На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледа како поранешниот кошаркар и ријалити ѕвезда му ја соопштуваат тажната вест и го изнесуваат од „Елита“ откако во јавноста се појавија информациите дека неговиот 28-годипен брак се самоубил.
Фото: Инстаграм
По страшната вест се огласи и другиот роден брат на Марко, Борис, кој на почетокот и не знаеше што се случило.
Фото: Принтскрин/ Елита
„Ништо не знам, сега ми се јавија некои новинари да ме прашаат дали е вистина, еве се обидувам да го добијам, не се јавува“, порача неговиот брат Борис за „Пинк“, а скрѓена од болка се огласи и нивната баба.
Фото: Инстаграм
„Не знам како се случи ова, тој беше моето најмладо внуче“, изјави бабата за порталот „СрбијаДенес“.
Фото: Инстаграм
Потсетуваме, Михаило покрај Јањуш имаше уште еден брат Борис кој во 2021 година јавно му се обрати преку Инстаграм.
Како што тогаш истакна, тие двајцата не зборувале четири години, а воедно ова е и последната порака што јавно му ја напишал.
Фото: Инстаграм
Имено, тогаш Борис се огласи на роденденот на Михаил со нивна заедничка фотографија на која што го напиша следново:
„Верувале иле не, родениот брат со кого не зборувам 4 години денес слави 25 години… Ова е последната фотографија со него откако ме удри со тупаница. Јас не заборавам, но простувам. Среќен роденден братко, те сакам“, напиша тогаш Борис со фотографија на која што е и Михаил.
Фото: Инстаграм
Инаку, како што порано се пишуваше во медиумите, Михаило не беше во добри односи и со Марко, а за српските медиуми се нема огласено откако неговиот постар брат ја започна својата ријалити кариера.
Фото: Инстаграм
Михаило живееше многу поразлично од своите двајца постари браќа и само во една пригода јавно зборуваше за Јањуш.
„Марко е постар од мене 10 години, има свој живот, јас имам свој живот, знам дека е таму неколку години и никако да се видиме или слушнеме, но не сме скарани, иако не сме ни в некои блиски односи. Не можам да лажам, имаме многу поинаков поглед на светот. Не сакам некои негови изјави и дела со луѓето таму да влијаат на мене, бидејќи живееме два различни животи“, истакна тогаш Михаило.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм