Реклама
Наши ѕвезди

Тажна вест – блиска соработничка на Луна Џогани го загуби животот: „Ти благодарам. Беше добар човек, добрите заминуваат…“

Реклама

Наместо да се радува и слави ја дочека тажна вест

Фото: Принтскрин

Имено, младата пејачка Луна Џогани која се прослави со своето учество во ријалитито „Задруга“ вчера навистина имаше причина за славење.

Нејзиниот спот за вториот сингл „Луда во љубовта“ кој го промовираше вчера за помалку од 24 часа имаше преку еден милион прегледи на Јутјуб и заврши на високото деветто место на таканаречената Јутјуб трендинг листа.

Маркетинг

Но Луна наместо да слави сподели тажна вест преку своите социјални канали. Имено, таа ги извести своите фанови дека една од администраторките на нејзините страни на социјалните мрежи пoчинaлa. Таа цело време и пружала безрезервна поддршка како за време додека била во Задруга, така и по напуштањето на куќата и првите чекори во музиката.

Фото: Инстаграм/ Луна Џогани

„Ме погоди тажна вест дека една од моите администраторки го загуби животот. Јас сум и благодарна. И се заблагодарувам, знам дека беше добар човек. Ги познавам своите луѓе, ја знам душата на своите луѓе“ – порача Џогани преку својот профил на социјалните мрежи.

Маркетинг

„Ти благодарам за сé. Почивај во мир, Олгице, добрите луѓе заминуваат…“

По оваа објава набргу се огласи и нејзината мајка Анабела.

„Администраторката на групата која со нетрпение ја очекуваше новата песна на Луна и која од првиот ден се бореше за неа и ја сакаше со сé срце, за жал денес го загуби својот живот. Олгице наша, нека ти е лесна земјата. Искрено сочувство до нејзиното семејство. Вечна ти слави и ти благодарам!“ напиша мајката на Луна, Анабела Атијас, на социјалните мрежи.

Инаку, Луна по три месеци откако победи во ријалитито „Задруга“ го објави својот втор спот со кој уште првиот ден постигна неверојатен успех.

Според бројките песната своите еден милион прегледи ги доби за помалку од 24 часа од објавувањето и важи за една од најкоментираните песни кои се објавени на популарниот „IDJ“ канал. А за ваквиот голем успех беше одговорна и Олгица, која за жал не дочека да ги види овие неверојатни бројки.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button