Тажната приказна што се крие зад емотивната песна на Темелков со која ги расплака фановите (видео)
Многу песни се напишани по вистински случки, а овој пат станува збор за текст кој му е посветен на трагично загинатиот син на менаџерот на пејачот...
Песна зад која се крие тажна животна приказна
Александар Темелков, поранешниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“ продолжи по натпреварот да ја гради својата соло кариера.
Но младиот пејач овој пат објави една емотивна народна песна зад која се крие многу тажна, но вистинита приказна.
Станува збор за песната „Зошто сине ти си замина“ за која младиот пејач вели дека е напишана за трагично загинатиот син на неговиот менаџер. Како што вели Александар за Гламур, овој трагичен настан се случил пред 11 години, па песната му е посветена на синот на менаџерот, но и на сите останати млади кои се преселени во царството небесно оставајќи ги своите најмили во црнина да тагуваат додека се живи.
Инстаграм/ Александар Темелков
Текстот на песната е на Стојан Тоше Лазарески, како и на самиот фолк-пејач чија е и музиката. Аранжманот е на Славко Ристески, а во песната на Темелков му гостува и виолинистот Џеват Рамаданоски.
Александар им се заблагодарува на сите кои учествуваа во изработката на неговата песна, а како таа звучи, слушнете во продолжение…
Потсетуваме, Темелков се натпреваруваше неколку сезони во „Ѕвездите на Гранд“, а по шоуто продолжи со својата соло кариера.
Инстаграм/ Александар Темелков
Но покрај својата музичка кариера пејачот ниже успеси и на приватен план, а од неодамна се оствари и во улога на татко.
Повеќе за тоа каков е Александар како татко и како изгледа неговото семејство кое му е најголема потпора, погледнете тука.