Тажната порака што ја сподели сестрата на Далибор ги РАСПЛАКА СИТЕ – објави и стара фотографија
На небото е некој што...
Трагичната вест за смртта на пејачот Далибор Даки Ѓошиќ погоди многумина, но најмногу неговите најблиски.
Неговите колеги со неверување ја примија тажната веста, посебно што тој почина ненадејно, по кратко боледување.
Веста прво беше објавена на ФБ страницата на „Танец“ каде што Даки работеше долги години како солист, а претходната недела организираа и комеморација на која присуствуваа бројни негови колеги и пријатели (повеќе за ова прочитајте тука).
Фото: Фејусбук/ Ива Ѓошиќ
Покрај својата кариера како солист во ансамблот „Танец“, Ѓошиќ важеше и за еден од најдобрите пејачи на домашната фолк сцена.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Неговите песни ќе останат засекогаш запаметени, како и неговите генијални интерпретации заедно со ансамблот „Танец“.
Далибор зад себе остави малолетен син за кој се надеваше дека ќе тргне по неговите стапки, како и ужалено семејство.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Неговата сестра Ива по неговата смрт на социјалните мрежи објави неколку видеа од неговите настапи, но и неколку заеднички фотографии.
Фото: Фејусбук/ Ива Ѓошиќ
Таа деновиве објави и една емотивна порака која никого не остави рамнодушен и со која расплака многумина.
Фото: Фејусбук/ Ива Ѓошиќ
„На небото е некој што најмногу ми фали, некој чија прегратка многу ми треба и некој што го сакам до небото“, гласи пораката што ја објави Ива.
Потсетуваме, Далибор Даки Ѓошиќ како солист со ансамблот „Танец“ настапуваше од 2007 година.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Почина ненадејно, на 41 годишна возраст, по кратко и тешко боледување, за кое знаеја само најблиските.
Далибор важеше за еден од омилените пејачи меѓу колегите и беше мошне талентиран музичар кој целиот свој живот го посвети на музиката, а ќе остане запаметен како по неговите песни, така и по генијалните изведби на старите македонски песни со Танец.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Почина прерано, но за време на својот краток живот создаде многу за нашата музика и остави голема трага што е остане засекогаш во неа.